05 Декември, 2025
0.1110

„Продис“ ќе гради нов погон, најава за стотина нови вработувања

Објавено во: Македонија 14 Ноември, 2013 20:22

Добивај вести на Viber

Компанијата Продис ќе гради уште една фабрика во индустриската зона Бунарџик, најави денеска директорот Коста Димов, една година по изградбата на првиот погон. Новата инвестиција ќе чини 15 милиони евра од кои седум милиони за изградба на фабриката, а осум милиони евра за објектот за откуп и обработка. Според најавите, со ова бројката на вработени од 80 ќе порасне до 200 вработени. Со новиот објект, покрај чаеви, органска храна и хомеопатски препарати , се планира да почне производство и на природна козметика.Камен-темелникот ќе се става  во април идната година, а фабриката ќе биде готова до крајот на 2014 година. „Кон крајот на октомври акционерите врз основа на анализата на оствареното, плановите и условите на работење со помош на Владата и сите држани институции на Република Македонија, донесоа одлука „Продис“ да влезе во втората и третата фаза на фабриката. На тој начин ќе се заокружи целиот циклус на проектот кој го имаме планирано за поконкурентни висококвалитетни производи за сите пазари кои веќе се или ќе бидат освоени од „Продис“, рече Димов. Според најавите, ако сега само 10 до 15% од суровините кои ги користат се од Македонија, новиот погон  ќе има и откупен центар, па овој процент ќе расте. „Затоа влегуваме во третата фаза за да се почне со планско сеење, жнеење и одгледување на репроматеријалот во Република Македонија затоа што скоро целата наша држава е органска, односно имаме многу малку загадување. Сакаме во овој порцес да ги вклучиме сите луѓе кои имаат желба или веќе го работат тоа“, додаде Димов. Денеска во Градскиот трговски центар во Скопје беше отворена првата хомеопатска аптека на компанијата кој има 158 производи. Освен во земјава свои претставништва има во Русија, Украина, Австралија и Америка. Инаку „Продис“ е инвестиција на „Протек груп“, еден од најголемите руски фармацевтски групации.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите