06 Декември, 2025
0.0696

Продолжен рокот на конкурсот за најголем придонес во заштита на животната средина

Објавено во: Македонија 14 Мај, 2014 13:21

Добивај вести на Viber

Град Скопје го продолжи рокот за пријавување на конкурсот за избор на најеколошка компанија, за најголем придонес во областа на заштитата на животната средина, за најубаво уреден двор на куќа, зграда и стопански објект и за најубав состав и цртеж на тема екологија за учениците од основните и од средните училишта. Пријавувањето ќе трае до 23 мај. - Целта на овој традиционален конкурс е да се промовира и популаризира грижата за животната средина и за природата, информира Град Скопје, од каде не се наведува зошто се продолжува рокот. Според условите на јавниот повик, Градот Скопје ќе избира: 1.Најеколошка компанија (фирма со успешна примена на ISO 14001 и придонес кон зачувување на животната средина); 2.Најголем придонес во областа на заштитата на животната средина (правни и/или физички лица кои со својата активност и залагање сториле најмногу за зачувување и унапредување на животната средина во Скопје, во смисла на заштита на медиумите и областа на животната средина, намалување на користење на необновливи видови енергија и сл.) ; 3.Најубаво уреден двор (двор на објект за индивидуално домување, колективно домување и институција, фирма или стопански објект); 4.Најубав состав на тема екологија (за ученици од основните и средните училишта); 5.Најубав цртеж на тема екологија (за ученици од основните и средните училишта); За првите две категории, предвидена е по една награда во износ од по 45.000 денари. За третата категорија, најубав двор, предвидени се три награди (за индивидуално домување, за колективно домување и за институција, фирма или стопански објект), во износ од по 40.000 денари. За четвртата категорија се предвидени две награди, една за ученици во основните училишта и една за ученици во средните училишта, во износ од по 10.000 денари. За петтата категорија се предвидени две награди, една за ученици во основните училишта и една за ученици во средните училишта, во износ од по 10.000 денари. Прогласувањето на добитниците во сите категории ќе се одржи на 5 јуни.

Град Скопје го продолжи рокот за пријавување на конкурсот за избор на најеколошка компанија, за најголем придонес во областа на заштитата на животната средина, за најубаво уреден двор на куќа, зграда и стопански објект и за најубав состав и цртеж на тема екологија за учениците од основните и од средните училишта.  Пријавувањето ќе трае до 23 мај.

- Целта на овој традиционален конкурс е да се промовира и популаризира грижата за животната средина и за природата, информира Град Скопје.

Според условите на јавниот повик, Градот Скопје ќе избира:

1.Најеколошка компанија (фирма со успешна примена на ISO 14001 и придонес кон зачувување на животната средина);

2.Најголем придонес во областа на заштитата на животната средина (правни и/или физички лица кои со својата активност и залагање сториле најмногу за зачувување и унапредување на животната средина во Скопје, во смисла на заштита на медиумите и областа на животната средина, намалување на користење на необновливи видови енергија и сл.) ;

3.Најубаво уреден двор (двор на објект за индивидуално домување, колективно домување и институција, фирма или стопански објект);

4.Најубав состав на тема екологија (за ученици од основните и средните училишта);

5.Најубав цртеж на тема екологија (за ученици од основните и средните училишта);

Пријавите на заинтересираните граѓани, невладини организации, јавни установи, претпријатија и други правни и физички лица може да се достават по пошта на адресата: Град Скопје-Сектор за заштита на животната средина и природата, булевар „Илинден“ 82, или во архивата на Град Скопје, како и на телефонските броеви 02/3297-273 и 3297-302.

За првите две категории, предвидена е по една награда во износ од по 45.000 денари. За третата категорија, најубав двор, предвидени се три награди (за индивидуално домување, за колективно домување и за институција, фирма или стопански објект), во износ од по 40.000 денари.

За четвртата категорија се предвидени две награди, една за ученици во основните училишта и една за ученици во средните училишта, во износ од по 10.000 денари.

За петтата категорија се предвидени две награди, една за ученици во основните училишта и една за ученици во средните училишта, во износ од по 10.000 денари.

Прогласувањето на добитниците во сите категории ќе се одржи на 5 јуни.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија