05 Декември, 2025
0.0365

Продолжува штрајкот на грчките морнари-снемува храна на островите

Објавено во: Балкан 05 Февруари, 2013 11:56

Добивај вести на Viber

Морнарите во Грција го продолжуваат и денеска штрајкот против владините мерки за штедење на уште 48 часа. На голем број грчки острови веќе се јавуваат првите знаци на недостиг на стоки, пишуваат грчките весници. Како што пишува грчкиот весник Етнос од минатиот четврток бродовите не пловат кон островите, каде веќе сериозно се чувствува недостиг на храна. Земјоделците од Крит бараат да биде прекината морската блокада на островот и да бидат превезени произведените стоки. “Секој ден штетите се оценуваат на 1,5-2 милиони евра, ризикуваме да ги загубиме и странските пазари, со кои имаме склучено договори“, изјави претставник на производителите. Синдикатот на морнарите денеска ќе одлучи дали ќе ги продолжи протестите. Министерот на трговската флота даде ултиматум дека ако штрајкот продолжи, Владата ќе преземе соодветни мерки. Грчките морнари протестираат против предлог законот, поднесен од Владата до Парламентот, кој предвидува намалување на работните места и реформи во бродскиот превоз. Синдикатот настојува да бидат потпишани колективни работни договори за секоја категорија бродови и исплата на сите плати. Освен морнарите на готовност да преземат решителни дејствија се и грчките земјоделци, чии трактори се наоѓаат главните автопати во земјата. Земјоделците бараат да им бидат исплатени парите кои им се доцнат за доставените производи, пониски цени за горивата и осободување од данок на земјоделските суровини  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии