29 Септември, 2024
0.0274

Продолжува меѓупартиското препукување: Ќе се приватизира ли брзата помош?

Објавено во: Македонија 16 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

СДСМ денеска излезе со соопштение дека Брзата помош нема да се приватизира, туку дека целта е повеќе амбулатни возила да се стават на располагање на граѓаните, откако вчера расправата беше повлечена од пленарна седница, а ВМРО-ДПМНЕ и Левица законот за здравствена заштита го блокираа со амандмани. 

„ВМРО-ДПМНЕ и Левица повторно пред граѓаните ја покажуваат својата деструктивност и неодговорност со блокирање на измените на Законот за здравствена заштита и шират лаги дека брзата помош во јавните здравствени установисе приватизира.

Измените на Законот за здравствена заштита во делот со Итна медицинска помош ќе овозможат зголемување на ресурсите на Брзата Помош како и законско регулирање на услугата која со години наназад ја дават приватните здравствени установи.

Законската измена не ги изложува граѓаните на дополнителни финансиски трошоци, туку напротив амбулантните возила на итната медицинска помош на Приватните здравствени установи ќе им бидат ставени на располагање на граѓаните, односно Итната помош на приватните болници, граѓаните ќе може да ја користат бесплатно. Со овој закон се овозможува и граѓаните во руралните средини да имаат достапна и постојана здравствена заштита“, објави владеачката партија.


Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Левица сметаат дека измените на Законот за здравствена заштита отвораат можност за приватизација на Итната медицинска помош. За следниот петок е закажана јавна расправа на која се повикани лекарските здруженија, комори, преставници од клиниките, лекари. 

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека власта се обидува да го истурка законот на мала врата заради компанија наводно блиска до врвот на власта. Левица до Комисијата за здравство поднесоа 1200 амандмани, за како што велат да го спречат донесувањето на овој штетен закон. 

„Владата наместо да вработи лекари и да им зголеми плати, ја приватизира итната помош за ќар на поединци. Власта низ мала врата сака да протурка законски измени за приватизација на итната помош. И од тоа ќар ќе имаат само поединци“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. „Апсурдни се тезите на СДСМ дека тоа ќе биде само во реони кај што нема итна помош. Ако на приватен стопанственик му се исплати да купи возила, да вработи и плаќа лекари, даноци и да има профит, тогаш зошто државата не го направи истото, и наместо профит, парите од истиот ќе завршат за поголеми плати“, реагира претпладнево ВМРО-ДПМНЕ.

За Левица здравството е категорија од јавен интерес и е недозволиво ова законско решение да се носи по скратена постапка.

Можеби ќе ве интересира

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“