Продолжува судењето на Зоран Божиновски
Објавено во: Македонија 10 Ноември, 2016
Продолжува судскиот процес против новинарот Зоран Божиновски.
Тој се товари за злосторничко здружување, шпионажа и за уцена.
Минатиот месец по читањето на обвинението, судењето беше прекинато и одложено за денеска затоа што Божиновски најмил нова адвокатка.
По нејзино барање, судењето беше прекинато, за таа да направи увид во предметот, за да подготви одбрана. На почетокот на претходното судење, кога почна да се чита обвинението, Божиновски кај квалификацијата „злосторничко здружување“, реагираше дека тој не е дел од такво нешто, дека не прифаќа такво обвинение и дека судијката што го води неговиот случај и Основниот суд Скопје 1 каде таа работи се злосторничко здружување, заедно со обвинителството.
Тој беше уапсен во Србија и екстрадиран во Македонија.