20 Декември, 2025
0.3719

Специјална ЕВН паралелка во електротехничкото училиште „Михајло Пупин“ во Скопје

Проект на ЕВН „20-20-20“ – Повеќе пракса за стручни кадри со имплементација на дуална настава во средното образование

Објавено во: Мои пари 16 Март, 2017 22:07

Добивај вести на Viber

ЕВН Македонија потпиша меморандум за соработка со средното електротехничко училиште „Михајло Пупин“ од Скопје. Со овој меморандум се создаваат услови за формирање на специјална паралелка за 25 ученици со стручна подготовка која ќе биде поддржана од ЕВН. Ќе се работи на унапредување на образовниот процес, наставните планови и програми и практичната работа со цел подготовка на ученици кои ќе можат директно да се вклучат во работниот процес уште за време на нивното средно образование.

„Со потпишувањето на овој меморандум се отвора нова страница во стручното образование во Република Македонија. ЕВН е пример како треба директно да се поддржат образовниот процес и младите, изјави Ефтим Пејовски директор на СЕТУГС „Михајло Пупин“. „Ова е понуда до младите луѓе која што никој досега ја нема понудено. Да се запишете во училиште, успешно да го завршите и да ве чека работно место со добра плата во еминентна компанија како што е ЕВН. Тоа може да се направи со запишување во учебната 2017/2018-та во средното електротехничко училиште „Михајло Пупин“, во образовниот профил електроинсталатер и монтер“, додаде Пејовски.

„Со проектот 20-20-20, ЕВН Македонија нуди уникатна шанса за младите ученици во Македонија. Дваесетина средношколци во 2020 година ќе имаат можност веднаш по завршувањето да заработуваат загарантирана нето месечна плата од 20.000 денари“, изјави Штефан Петер, претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија. „Постои побарувачка за квалификувана работна сила и ние мораме да нудиме атрактивна работа со перспектива. Да се започне како електро монтер во ЕВН не значи да се работи таа работа цел живот, туку може да биде почеток на кариера како специјалист или проектен инженер“, посочи Петер.

Според договорот за соработка учениците од ЕВН паралеката, часовите за практична настава ќе ги обавуваат во просториите на компанијата и на терен под менторство на професионалци кои работат во ЕВН. Ова ги следи принципите на таканареченото дуално стручно образование и обука што е веќе успешна приказна во Австрија, Германија и Швајцарија.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии