Професии кои носат одлучна заработувачка, а се барани и низ цел свет
Објавено во: Економија 26 Март, 2016 10:18
Некои професии се барани скоро на сите страни од светот и кои обезбедуваат добра заработка. Сметководители, програмери и финансиери се само некои од овие професии.
Сметководител/книговодител
Со образованието, средношколско или факултетско, за сметководител е важно искуството во водењето на книгите на една компанија. За оние најдобрите, се борат скоро сите компании.
Оние кои ќе го положат тестот за овластен сметководител и ќе добијат сертификат, може да започнат сопствен бизнис со добра мрежа на клиенти од кои ќе имаат добар профит. Предноста во оваа работа е што можете да ја правите и од дома, па за започнување на сопствен бизнис не се потребни големи инвестиции.
Програмер
Со години продолжува побарувачката за програмери, а добро познатите компании буквално се натпреваруваат да ги привлечат и задржат најдобрите од нив. Условите за работа се и повеќе од добри. Така на пример, „Cisco System“ на своите вработени, а ги има над 65.000 во 92 земји, им овозможува учество во дискусиите и дебатите преку видео конференции.
Оние кои сакаат да работат во фирма, на различни проекти, може лесно да дојдат до нив преку онлајн сајтови за хонорарни програмери. Предноста е тоа што работата е добро платена и можете да работите од дома, дури и оние програмери кои се вработени во некоја компанија. Не е реткост компаниите да нудат флексибилно работно време.
Преведувач
Искусните преведувачи никогаш немаат доста работа. Компаниите од различни полиња, издавачите на книги, судовите и адвокатските канцеларии се само некои од оние кои имаат потреба за преведувач.
Односи со јавноста
Експертите за односи со медиумите се потребни меѓу фирмите, непрофитабилните организации, министерствата и политичките партии. Пишување за печатот, спроведување на различни иницијативи, пишување на говори на директорите и други аспекти на комуникација меѓу клиент и јавноста бара голема креативност. ПР професионалците се потребни за секоја компанија, а се поголем број се одлучуваат за започнување на сопствена агенција. Предноста на оваа работа е што таа исто така може да се работи од дома.
Сопствен бизнис
Ако ви е доста од шефови и флексибилно работно време, охрабрете се и направете го сами. Важно е да имате добра идеја и да знаете со што точно ќе се занимавате. Доколку мислите дека имате добар нос за бизнис, би било штета доколку не се обидете..
Виртуелни асистенти
Иако идејата за виртуелен асистент на нашите простори е релативно непозната, во Америка се смета за една од најбрзо растечките професии. Виртуелните асистенти се професионалци кои обезбедуваат административни услуги за различни бизниси. Според Меѓународната асоцијација на виртуелни асистенти тие нудат работа во сметководство, обработка на податоци, маркетинг и планирање и анализа.
Агент во телефонски центар
Во светот се повеќе се бараат агенти за работа во кол-центрите и сето тоа се работи од дома. Само во Северна Америка постојат 60.000 центри, а околу 20% од луѓето кои работат за нив, работат од дома.
Експерти за компјутерска техничка поддршка
Ова е една од најбараните и добро платени работни места, а во иднината побарувачката за вакви луѓе ќе стане многу поголема. ИТ експертите им помагаат на физичките личности во откривање на дефекти во системот.
Финансиски планер или советник
Финансиски експерти кои своите клиенти ги советуваат како да ги потрошат парите, меѓутоа компаниите ги учат како да го оптимизираат трошењето, како да инвестираат, или даваат совети за правењето на различни одлуки.
Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




