18 Декември, 2025
0.0574

Професорите бараат министерски плати

Објавено во: Балкан 26 Мај, 2014 13:23

Добивај вести на Viber

Синдикатот на Универзитетот на Црна Гора бара промена во гранковиот колективен договор, со кој платите на професорите ќе се изедначат со оние на министрите и пратениците - околу 1.200 евра. Дипломите на наставниот кадар на црногорскиот универзитет, дури и на оние со звање магистри и доктори на науки, во моментот не вредат ни колку просечната потрошувачка кошничка во оваа земја, која за четиричлено семејство во март изнесуваше 792,4 евра. Вкупно 1.187 вработени во оваа институција велат дека на вратата им чука сиромаштија. „Очекувам да се најде решение според кое поправедно ќе се исплаќаат заработувачките на државниот Универзитет. Како да се мотивира млад доктор на науки, кој треба да прими плата од 480 евра?“, прашува претседателот на Синдикатот проф. д-р Вукашин Зоговиќ. „Редовен професор со 20 години стаж прима плата од 750 евра, додека некој со многу пониско образование месечно заработува и до 1.200 евра месечно“, додава тој. Наспроти ова, на приватните универзитети во Подгорица вонредните и редовните професори примаат плати меѓу 1.200 и 1.500 евра. Министерските прати во Црна Гора изнесуваат околу 1.200 евра, додека пратеничките меѓу 1.300 и 1.700 евра, со дополнителни додатоци за учество и претседавање со комисии и одбори. На овој начин одредени народни избраници стигнуваат до плата и до 3.000 евра месечно. Истовремено, 79.000 граѓани живеат од социјална помош, а 45.000 пензионери добиваат помалку од 270 евра месечно.

Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии