26 Ноември, 2024
0.0271

Досие Илија Гечев: Што намириса челичниот магнат во Макошпед

Објавено во: Економија 26 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Тој е познат, еден од најпознатите бизнисмени во Македонија, сепак јавноста малку знае за Илија Гечев, сопственикот на ИГМ Трејд од Кавадарци. Во последните комуникации со медиумите, Гечев тврдеше дека не сака веќе да дава изјави, ниту да коментира нешто за бизнис процесите во Македонија. Човекот кој е еден од најбогатите во земјава, сепак мудро го крие својот профил. При пребарување за него, најчести се медиумските пишувања кога поради притисок беше забранета една телевизиска емисија во која имаше сведочења откако во ИГМ почина работник. Моментно е актуелен по тоа што ИГМ Трејд вложи 413.000 евра и купи 16,6 отсто од акциите со право на глас во шпедицијата Макошпед.

Гечев е бизнисмен за кого граѓаните во Централна Макеоднија збруваат со почит во смисла на неговата успешност, иако секогаш кога ќе се отвораат тие дебати, се коментираат и неговите слабости. Блискоста со партиите на власт кога го градел бизнисот, можностите кои ги добивал оти е богат, проширувањето на бизнисот. ИГМ трејд постои од 1994 година и е една од најголемите извозни компании во Македонија. Станува збор за еден од најголемите производители на челични и заварени цевки и профили во Југоистична Европа. Фабриката во Кавадарци е на површина од 400.000 квадратни метри, а има капацитет од 200.000 тони годишно.

ИГМ трејд е извозно ориентирана компанија, на која 95 отсто од вкупната продажба и е надвор од државата, на пазарите на ЕУ и ЦЕФТА.

На крајот на 2015 година, ИГМ-Трејд го прошири своето работење надвор од Македонија, откако ја купи поранешната фабрика АЛПОС за заварени челични цевки и профили лоцирана во Словенија.

Во текот на минатата година, како што јавуваа медиумите, Гечев поднел барање да го пренамени земјиштето на неговата фирма ИГМ од лесна во тешка индустрија и да гради нова топилница (ладна валалница) со индиски инвеститор. Тоа ја разбранува јавноста во Кавадарци, па дури се формираше и еколошко здружение против загадувањето во градот. Локалната самоуправа, па и премиерот Зоран Заев кој беше во Кавадарци не се изјаснија против проектот.

Инаку Гечев предизвика негативни реакции во јавноста во случајот со забранетата емисија, во која потоа стана вирална на социјалните мрежи, а во која семејство сведочеше за смртта на нивниот близок, поранешен вработен во ИГМ. Сопственикот Гечев си го навлече гневот од популацијата со неговиот однос кон случајот и заканите кон новинарката која ја објави сторијата. Во октомври 2017 година Основниот суд од Велес го ослободи Гечев од обвинение дека е виновен за смртта на работникот кој почина по инцидент кој се случи во фабриката.

„ИГМ е меѓу десетте најдобро стоечки фирми во Македонија, каде се се` работи по стандарди, а дури  90 отсто од производството се извезува во Западна Европа. Имаме систем на безбедност, така што   жалам за изгубениот живот, но не се чувствувам за виновен, рече Гечев во неговиот завршен збор.

Инаку ИГМ Трејд ги купи акциите во Макошпед од скопската компанија Ултимус која повеќе не е акционер во структурата на шпедитерската компанија.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија