19 Декември, 2025
0.0584

Профитабилен прв квартал за Витаминка

Објавено во: Економија 29 Април, 2013 09:22

Добивај вести на Viber

Прилепска Витаминка вработува околу 500 луѓе е меѓу 200-те најголеми и најуспешни компании во земјава. Но, оттаму признаваат дека кондиторската индустрија секогаш зависи од куповната моќ на потрошувачите, што пак, директно влијае на обемот на продажба.  Со добивка од 206.341 евра прилепската прехрамбена компанија, Витаминка, го заврши првиот квартал од годинава, што е за речиси 2.000 евра повеќе од остварената добивка истиот период лани. Според неревидираниот биланс на успех на Витаминка, објавен на Македонската берза, компанијата во првите три месеци од 2013 година инкасираше 5 милиони евра од продажба, што е речиси идентично со истиот период лани (4,9 милиони евра). На страната на трошоците пак, Витаминка во првиот квартал од годинава даде околу 500.000 евра повеќе за вработените, за разлика од минатата година. Според финансискиот извештај, трошоците за вработените во периодот јануари-март годинава ја чинеа Витаминка 810.894 евра, за разлика од потрошените 313.170 евра за истиот период во 2012 година. Набавната вредност на трговските стоки пак, годинава оделе во прилог на прилепската фабрика. Во првиот квартал за оваа намена Витаминка даде 71.187 евра, наспроти потрошените 92.400 евра потрошени во минатогодишниот прв квартал. И годишното салдо на Витаминка покажа профит Со добивка од 1,7 милиони евра Витаминка ја заврши минатата година, што е за речиси 400.000 евра повеќе во однос на остварената добивка во текот на 2011 година. Приходите од работењето на компанијата пак, во 2012 година изнесуваат 25 милиони евра, што е за околу 2 милиона евра помалку во однос на реализираното во 2011 година. Неревидираниот консолидиран извештај на Витаминка покажува и дека расходите од работењето лани од 23 милиони евра се за околу 2 милиона евра помали во однос на расходите од работењето во 2011 година. Прехранбената индустрија наспроти ниската куповна моќ на граѓаните Прилепска Витаминка вработува околу 500 луѓе и е меѓу 200-те најголеми и најуспешни компании во земјава. Но, оттаму признаваат дека кондиторската индустрија секогаш зависи од куповната моќ на потрошувачите, што пак, директно влијае на обемот на продажба. Компаниите од оваа индустрија последните неколку години грчевито се борат да остварат подобри резултати во време на намалена ликвидност, скапи енергенси, слаба куповна моќ и се понизок животен стандард на населението. Македонските производи ќе бидат се помалку конкурентни и дома и во странство ако не им се нуди поевтина алтернатива на скапата струја. Последните пресметки на Стопанската комора на Македонија покажувааат дека во прехранбената индустрија учеството на електричната енергија во цената на производот е околу 10%. Токму овој енергенс е доминантен и во производството на прехрамбените производи кај Витаминка - учествува со дури 60% во трошоците на производство. К.П

Можеби ќе ве интересира

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра