18 Декември, 2025
0.0338

Прогласена вонредна состојба во Белград

Објавено во: Балкан 03 Јули, 2020 10:25

Добивај вести на Viber

Денес беше прогласена вонредна состојба во Белград на седницата на Градскиот кризен штаб поради влошената епидемиолошка состојба.

Како што претходно објасни заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, , ова е стандардна постапка за да може да се изменат мерките што ги објави синоќа претседателот на Србија, а кои се однесуваат на влошената епидемиолошка состојба во Белград.

Тој објасни дека мора да се исполнат одредени формални услови за да се спроведат мерките на Републичкиот кризен штаб, а првата е да се организира седница на Градскиот штаб за итни случаи и да се прогласи вонредна состојба на територијата на градот Белград.

Весиќ прецизираше за ТВ Прва дека, според постапката, Владата на Србија потоа ќе донесе одлука да пропише одредени мерки на територијата на градот Белград, врз основа на одлуката на градскиот штаб да прогласи вонредна состојба.

Кога станува збор за мерките, прво е забранет влез во затворени простории без маска, каде ќе треба да се почитува растојанието од 1,5 метри, додека сите што користат јавен превоз ќе треба да носат маски, за што ќе бидат предвидени одредени санкции.

Покрај тоа, ќе биде забрането да се соберат повеќе од сто луѓе во затворено и повеќе од 500 на отворено. Работата на угостителите ќе биде ограничена и нема да работат помеѓу 11 и 6 часот наутро.

„Овие мерки ќе ги воведеме две недели и сметаме дека ќе биде доволно да се вратиме во нормален живот после тоа. Во секој случај, доколку има нови мерки, граѓаните ќе бидат навреме известени“, рече заменик-градоначалникот.



Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии