ПРОГНОЗА НА ЕВРОПСКА КОМИСИЈА: Колкав раст се очекува за Македонија?
Објавено во: Економија 19 Мај, 2025 16:21
Mакедонската економија ќе има раст од 3 отсто. Ова е во согласност со прогнозата на Европската комисија.
За Македонија се наведува дека растот на БДП се забрза во 2024 година, поттикнат од инвестициите и јавната потрошувачка. Вкупната инфлација продолжи да опаѓа, но сепак повторно порасна кон крајот на годината, главно поради базните ефекти. Се предвидува дека растот постепено ќе се забрзува, поддржан од голем проект за јавна инфраструктура и од потрошувачката на домаќинствата, која има корист од силниот раст на платите и намалувањето на инфлацијата.
Од регионот се предвидува дека Албанија ќе има најголем пораст на БДП – 3,6 проценти. За Србија се предвидува пораст од 3,2 отсто. Црногорската економија треба да се зголеми исто колу македонската – три отсто, економијата на Босна и Херцеговина два проценти. Косово не е наведено.
За 2026 година, Комисијата предвидува раст од 3,5 проценти за Албанија, 3,2 проценти за Црна Гора, 2,3 проценти за Босна и Херцеговина и 3,1 процент за Македонија.
Светска банка предвиде дека Македонија ќе има раст од 2,6 отсто во 2025, а прогнозата на Меѓународниот монетарен фонд(ММФ) е 3,2 проценти.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




