ПРОГНОЗИ: Не чека најстудената зима во последните 120 години
Објавено во: Македонија 01 Ноември, 2016
Експертите прогнозираат дека Европа оваа година ќе биде соочена со една од најстудените зими.
Руската радио станица „Гласот на Русија“ извести, како што пренесува виенски дневник „Естерајх“ дека на Европа и се заканува зимата на векот.
Германскиот експерт Домини Јунг истакнува дека уште сега му е ладно само од гледање на метеоролошки карти и модели.
Тој истакнал дека е можно дека ќе бидеме соочени со најстудената зима во последните сто години.
Јунг истакнува дека пред се јануари и февруари ќе бидат обележани со многу ниски температури и дека би можело да се смета на затоплување дури од април следната година.
Како причина за оваа прогноза тој ги навел арктичките струи кои допираат до Европа, а со тоа и ниската активност на сонцето.
И британскиот метеоролг Џејмс Маден вели дека зимата која не очекува ќе биде една од најстудените забележани во последните 120 години.
„Се очекува температурите да паднат уште овој викенд“, појаснил овој синоптичар.
Арктичкиот ветер ќе донесе донесе студен бран, кој ќе ја опфати речиси целата територија на Стариот континент и температурите ќе бидат пониски од просечните за сезоната. Студениот воздух ќе царува над Европа во текот на ноември“, додал тој.