24 Јануари, 2025
0.0276

Производителите принудени да ја зголемат цената на кафето, но и покрај се потрошувачите не би се откажале од ритуалот на пиење кафе

Објавено во: Мои пари 10 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Во 2024 година откупната цена на сировото кафе на светскиот пазар доживеа шокантен скок – и двојно се зголеми! Па така, цената на Арабика ескалира и пред само еден месец ја забележа највисоката цена од 1977 година, а главна причина е  снегот во Бразил кој уништи голем број насади на кафе.

Што се случува денес на пазарот за кафе?

Како што обично се случува, бранот поскапувања се пресели и на нашиот пазар, под влијание на светските фактори. Сценариото од пред педесет години се повтори, уште подраматично – наизменичните суши, снег и обилни врнежи во Бразил и тешките временски услови во Виетнам повторно доведоа до намалени приноси. Има и логистички пореметувања во синџирот на снабдување кои се одразија на трошоците за транспорт, како и огромно зголемување на потрошувачката на кафе во Кина и Индија. Имаме ситуација кога побарувачката ја надмина понудат

Потрошувачите и производителите ширум светот се се позагрижени! Можеме ли да поминеме без поскапување?

Потрошувачите најмногу го чувствуваат ударот по својот паричник, бидејќи кафето е еден од основните производи во потрошувачката кошничка.

Доколку производителите решија да го жртвуваат квалитетот заради пониски цени на рафтовите, ситуацијата ќе беше малку поинаква, но наместо тоа, тие се одлучија да го зачуваат нивото на квалитет на кафето, и се решија да ги  зголемат цените како неизбежен чекор.

Нивната борба со големите економски притисоци за одржување на бизнисот трае долго време, а еден од тие фактори е значително зголемената побарувачка за кафе на глобално ниво и покрај ниските приноси. Во време на двојно зголемени трошоци, кафето го оправда високото второ место како најбарана роба на светските берзи, а го има се помалку!

И ако го споредиме драстичното зголемување на цените на Арабика и робуста на светскиот пазар со порастот на цените во регионот, ќе видиме дека тој всушност е значително понизок кај нас.

Бидете внимателни со кафето што ќе го изберете!

Внимавајте ако на полицата видите кафе што е значително поевтино! Внимавајте на декларацијата, бидејќи можно е да се работи за кафе со сурогати. Само ако на пакувањето пишува дека е 100% кафе, бидете сигурни дека навистина е кафе!

2025 година и првите поскапувања на кафето. Што следи?

Пред нас е предизвикувачка година, но она што не чека понатаму е под голем знак прашалник! Прогнозите за претстојната жетва во Бразил не се ветувачки. Ако им се верува на експертите, нивните проценки се дека поскапувањата ќе продолжат, можеби само малку поумерено. Побарувачката расте, производството се побавно закрепнува, па не се знае кога ќе се стабилизира синџирот на снабдување, а со тоа ќе се стабилизираат и цените,односно дали воопшто ќе има стабилизирање.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ПРВПАТ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ИЗВРШЕНИ 2 КОХЛЕАРНИ ИМПЛАНТАЦИИ КАЈ ПАЦИЕНТИ СО ВРОДЕНА ГЛУВОСТ И ОШТЕТУВАЊЕ НА СЛУХ

ПРВПАТ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ИЗВРШЕНИ 2 КОХЛЕАРНИ ИМПЛАНТАЦИИ КАЈ ПАЦИЕНТИ СО ВРОДЕНА ГЛУВОСТ И ОШТЕТУВАЊЕ НА СЛУХ

НЛБ е рангирана меѓу најдобрите компании со признанија за ЕСГ во рамките на индустријата и регионот

НЛБ е рангирана меѓу најдобрите компании со признанија за ЕСГ во рамките на индустријата и регионот

ВАУЧЕРИ ОД 200 ЕВРА ЗА НАЈДОБРИТЕ РАБОТНИЦИ НА „SPORT LIFE“

ВАУЧЕРИ ОД 200 ЕВРА ЗА НАЈДОБРИТЕ РАБОТНИЦИ НА „SPORT LIFE“

Јавен повик за поднесување на понуди за извршување на работи на меѓународниот проект „Подобрување на проекти за енергетска ефикасност во јавни згради“

Јавен повик за поднесување на понуди за извршување на работи на меѓународниот проект „Подобрување на проекти за енергетска ефикасност во јавни згради“

КУМАНОВО СЛАВИ: ИГРАЧ ОСВОИ 6.030.167 ДЕНАРИ СО СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

КУМАНОВО СЛАВИ: ИГРАЧ ОСВОИ 6.030.167 ДЕНАРИ СО СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

Хрватска: Еден од најдобрите работодавачи во областа на туризмот бара лица кои би се вработиле во новото луксузно одморалиште

Хрватска: Еден од најдобрите работодавачи во областа на туризмот бара лица кои би се вработиле во новото луксузно одморалиште

ATS Group ги претстави своите иновации на SHOT Show 2025

ATS Group ги претстави своите иновации на SHOT Show 2025

Телеком со проект за паметно осветлување во општина Велес, кој ќе обезбеди заштеди на енергија и заштита на животната средина

Телеком со проект за паметно осветлување во општина Велес, кој ќе обезбеди заштеди на енергија и заштита на животната средина

Заштедете и набавете го својот уред по специјална цена денес

Заштедете и набавете го својот уред по специјална цена денес