СТРАНСКИТЕ БАНКАРИ ДОБРО НИ ГИ ЧУВААТ ПАРИТЕ И ДОБРО НЀ КРЕДИТИРААТ, АМА ДОМАШНИТЕ ЗА ПРОФИТ НЕ СЕ ДАВААТ - што покажа извештајот на НБМ за банкарскиот сектор
Објавено во: Финансии 09 Јануари, 2025 08:20
Нашите банки ги „држат“ главно странци. Ова е заклучокот кој може да се изведе од најновиот извештај на Народна банка на Македонија за ризиците во банкарскиот сектор за третиот квартал од минатата година, а кој не упатува на големи разлики во однос на претходните периоди.
Во земјава и натаму има 9 банки во претежна странска сопственост. Од нив 5 се подружници на странски банки, а 4 се останати банки со претежна сопственост на странски акционери.
Додека, пак, банки во претежна сопственост на домашни акционери се 4, од кои 3 се во приватна сопственост, а една е државната банка, односно Развојна банка на Македонија.
Банките во претежна странска сопственост, кои се девет на број, имаат капитал и резерви од 1,32 милијарди евра, што е 78,4 отсто од вкупниот банкарски сектор.
Додека, пак, на четирите домашни банки отпаѓа 368 милиони евра капитал и резерви, што е 21,6 отсто од вкупниот банкарски простор.
Ако ја погледнеме активата, пак, претежно странските банки имаат актива, што значи вкупна вредност од 9,07 милијарди евра, што е 72,8 отсто од банкарскиот сектор.
Додека, пак, четирите банки со претежно домашни акционери имаат актива од 3,38 милијарди евра, што е 27,2 проценти од вкупниот банкарски сектор.
Кој ги чува нашите пари?
Тоа најмногу се осознава ако погледнеме колку депозити чуваат банките, и тоа оние во странска, и оние во домашна сопственост.
Па така, 9-те банки кои се во претежна странска сопственост, а каде што влегуваат петте банки кои се подружници на странски банкарски институции, како и 4-те банки кои се во претежна сопственост на странски акционери, чуваат депозити од 6,46 милијарди евра од нефинансискиот сектопр на крајот на третиот квартал од минатата година, што е 71,3 отсто од вкупниот банаксрки систем.
Додека, пак, 4-те банки во претежна домашна сопственост, чуваат 2,6 милијарди евра од нефинансиските институции, што е 28,7 проценти од вкупниот банкарски сектор.
Да видиме како се стои во делот на кредитирањето?
Банките што се во предоминантна странска сопственост дале помалку кредити отколку што чуваат депозити. Тие на крајот на третиот квартал имале дадено 6,22 милијарди евра како кредити на нефинансиски институции, но како застапеност и како процент се повеќе од депозитите, односно 82,3 отсто, и всушност ова е највисокиот процент за застапеноста на странските банки.
А, четирите домашни банки дале кредити од 1,34 милијарди евра, што е 17,7 проценти од вкупниот банкарски сектор.
Да видиме кои банки колку профитирале?
Имено, деветте банки во доминантна странска сопственост на крајот на третиот квартал лани имале вкупен профит од 194 милиони евра, што како процент е 69,8 отсто од целиот банкарски сектор.
Но, не биле лоши ни четирите домашни банки, чии вкупен профит бил 84 милиони евра. И всушност нивната профитабилност како процент била највисока во поглед на другите параметри, или 30,2 отсто од вкупниот банкарски сектор.
Притоа, треба да се има предвид дека во делот на странските, најпрофитабилни се Стопанска банка Скопје и НЛБ Банка, додека во делот на домашните, тука главна е Комерцијална банка.
А што велат од Народна банка на оваа тема.
„Банките во претежна странска сопственост имаа најголемо учество во структурата на поважните позиции од билансите на банкарскиот систем и во третиот квартал од 2024 година. Ова учество се движи од 69,8 отсто (во финансискиот резултат) до 82,3 отсто (во кредитната активност со нефинансискиот сектор). Притоа, во овој квартал зајакна учеството на банките во претежна странска сопственост во вкупната актива, депозитите од нефинансискиот сектор и капиталот и резервите, за 0,3, 0,6 и 1 процентен поен, соодветно, а се намали нивното учество во вкупните приходи и во финансискиот резултат, за 0,4 и 2,5 процентни поени, соодветно“, се вели во извештајот.
Натаму, се додава дека најголемиот дел од поважните позиции од билансот на банкарскиот систем е концентриран кај три, односно пет банки во системот, при што пазарното учество (според активата) на петте најголеми банки збирно изнесува 81,7 отсто, и што во текот на третиот квартал се зголеми за 0,4 процентни поени.
„Најзабележителна промена бележи концентрацијата кај финансискиот резултат, каде што учеството на трите банки со највисока добивка се зголеми за 1,2 процентни поена, наспроти намаленото учество на петте банки со највисока добивка за 0,7 процентни поени. Од останатите позиции, се истакнува и зголемувањето на уделот на трите банки со најголеми учества во депозитите на нефинансиските друштва, за 0,7 процентни поени. По поединечна банка, позабележителен е растот на активата на третата и четвртата банка, при незначителен пад кај двете банки со најголема актива. Распонот помеѓу банката со највисоко пазарно учество (22,1 отсто) и банката со најниско пазарно учество (0,4 проценти) минимално се стесни (за 0,1 процентен поен) во однос на претходниот квартален датум“, се вели во извештајот на централната банка.
Н.Н.Ф.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





