28 Ноември, 2024
0.0304

Производителот на полупроводници за вештачка интелигенција Nvidia преку ноќ стана компанија вредна речиси 1 трилион долари

Објавено во: Економија 31 Мај, 2023

Добивај вести на Viber

Тимот на Генерали Инвестментс подготви резиме за актуелните настани кои влијаат врз пазарите на капитал.

Зад нас е уште една релативно мирна недела. Иако имаше неколку работи кои можеа да влијаат позабележително на пазарите на капитал, тие засега се во еден вид зен, каде што полошите вести од економијата не влијаат премногу на пазарите, бидејќи тие се повеќе се фокусираат на приказните што ќе се случуваат во иднина. Ѕвездата на изминатата недела дефинитивно е производителот на полупроводници за вештачка интелигенција Nvidia, кој изненади со своите резултати и речиси преку ноќ стана компанија вредна речиси 1.000 милијарди долари. Само неколку компании како Apple, Microsoft и Amazon се во овој ексклузивен клуб. Приказните за употребата на вештачката интелигенција во секојдневниот живот и потребата од нови и поголеми инвестиции, продолжуваат да ја разгоруваат фантазијата на инвеститорите. Технолошките акции, особено компаниите поврзани со развојот на вештачката интелигенција, продолжуваат да го диктираат темпото и насоката на пазарот. Nasdaq минатата недела доби 3,5%. Ова го објаснува и растот од 1,4% на главниот американски индекс S&P 500. Покрај Nvidia, во преден план се акциите на Microsoft, Google и другите големи технолошки компании, но исто така и акциите на некои помали технолошки компании како што се AMD, Adobe или Palantir, силно се зголемија. Без технолошките компании, перформансите на берзата ќе беа многу полоши, бидејќи останатите индустрии главно завршија во негатива. Темата што доминираше во останатиот дел од индустријата беше страв од неможноста за договор меѓу републиканците и демократите за зголемување на границата за долгот. Според информациите од крајот на неделата, ова последното изгледа е решено, но чекаме Конгресот и Сенатот да го потврдат тоа. Податоците од пазарот на трудот остануваат многу силни, но пукнатините продолжуваат да се прошируваат во делот на недвижностите, каде високите каматни стапки постојано ја влошуваат позицијата на повеќето сопственици на имот, кои треба да рефинансираат значителен дел од нивните заеми во текот на следните 24 месеци.

Најголема корекција имаа акциите на производителите на луксузни стоки

Ситуацијата со недвижностите моментално е најлоша во Скандинавија каде една од најголемите империи со недвижнини е во опасност од колапс. Но, тоа не беше причина за лошите перформанси на европските акции минатата недела. Економските проблеми на Кина почнаа сè повеќе да го засегаат остатокот од светот, а Европа и нејзините компании, кои се високо извозно ориентирани, се најекспонирани овде. Најголема корекција имаа акциите на производителите на луксузни стоки, бидејќи податоците покажуваат дека куповниот ентузијазам забавува по отворањето на земјата, а растот на луксузните компании во последните години се должи на големата потрошувачка на азиските купувачи. Дури и лизгањето на Германија во техничка рецесија не е нешто што би ги израдувало европските инвеститори, но засега се чини дека тие не се премногу загрижени за заладувањето на економската активност. Дури и најавата за нови зголемувања на каматните стапки од страна на ЕЦБ не влијаеше на вложувањата во акции.

Продолжуваат негативните трендови на пазарите во развој

Поголема загриженост е продолжувањето на негативните трендови на пазарите во развој. Индија изгледа добро, но тоа е и единствениот пазар што им дава оптимизам на инвеститорите. Турција доби нов – стар претседател, кој многу веројатно ќе продолжи со поставената економска политика. Можеме да очекуваме натамошни падови на вредноста на турската лира, а наскоро и некаков облик на девалвација, бидејќи аналитичарите предвидуваат пад на валутата од 30% до крајот на годината. Кинеските берзи продолжуваат нагло да се лизгаат. Пукнатините во недвижностите стануваат се поголеми, а населението го кочи трошењето, што го намалува економскиот раст. Продолжуваат геополитичките судири, кои се најизразени во новите ограничувања за продажба на високотехнолошки производи, особено чипови, на кинеските компании.

Мали загуби на пазарот на обврзници

Пазарот на обврзници загуби малку, при што годишниот принос на 10-годишната американска обврзница се лизна на 3,8%, а германската на 2,5%. Инвеститорите сè уште очекуваат намалување на стапката уште оваа година, иако станува се појасно дека тоа е многу малку веројатно. Ваквиот поглед преку розови очила претставува најголем проблем за пазарот на капитал, бидејќи евентуалното отрезнување поврзано со некој негативен економски настан и поради високите вреднувања на берзите може да доведе до посилна корекција.

СОВЕТИ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ

Каматните стапки и монетарната политика остануваат двигатели на пазарите на капитал. Влијанието на повисоките каматни стапки се уште не ги манифестира сите свои негативни последици во економијата. Инфлацијата покажува знаци на оладување, но проблемот останува упорно високата базична инфлација, главно поради наемнините. Пазарот на труд е силен и економијата останува на територијата на раст и покрај турбуленциите. Инвеститорите и понатаму очекуваат пресврт во каматната политика. Оптимистичкото сценарио за пониски каматни стапки претставува значителен ризик за пазарите. Сценариото на заладување на економскиот раст, рецесија а со тоа и пад на добивката не се земени предвид при високите вреднувања на берзите. Со оглед на сите предизвици и очекувани промени, глобалните акции остануваат релативно скапи и главно поради тоа остануваме малку повнимателни со инвестициите во акции. Инвестициите во обврзници добиваат на сила во такво опкружување. Неопходно е да се задржи долгорочен пристап со периодично зголемување на инвестициите, што докажа дека во услови на поголема нестабилност и привремена неизвесност нуди добар одговор на инвестициските можности и дава најдобар резултат. Диверзификацијата на портфолиото останува клучен двигател за одржување и зајакнување на заштедите. Комбинација од акциски фондови како што се Генерали Топ БрендовиГенерали Америка и паричниот фонд Генерали Кеш Депозит, ги нуди најдобрите решенија за сложениот коктел на актуелната политичка ситуација и економското опкружување. Тоа исто така носи одредени можности. Американските акции во моментов се безбеден остров во бурното море поради зголемениот удел во технолошки акции и помалиот удел во финансискиот сектор, но повиците за (пре)скапи технолошки акции стануваат се погласни. Но, од друга страна, имаме нова приказна за вештачката интелигенција. Обврзниците во 2023 година функционираат како добра инвестиција. Циклусот на зголемување на каматните стапки се ближи кон крајот, инфлацијата забавува, а и двете ја зголемуваат атрактивноста на инвестициите во обврзници. За трпеливите инвеститори ова се моментите за почнување на градење на позиции како на берзата, така и на пазарот на обврзници.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Министерката Божиновска на средба со британскиот комесар за трговија за Европа, Крис Бартон, и амбасадорот Метју Лосон

Министерката Божиновска на средба со британскиот комесар за трговија за Европа, Крис Бартон, и амбасадорот Метју Лосон

Трамп со најавите за зголемени царини дополнително „ја надува“ рекордно високата цена на кафето

Трамп со најавите за зголемени царини дополнително „ја надува“ рекордно високата цена на кафето

МИЦКОСКИ ДАДЕ ДЕТАЛИ ЗА НАБАВКАТА НА АВТОБУСИ: Кога ќе почне нивното отплаќање?

МИЦКОСКИ ДАДЕ ДЕТАЛИ ЗА НАБАВКАТА НА АВТОБУСИ: Кога ќе почне нивното отплаќање?

Струјата поскапува? ЕСМ понуди за 2 евра повисока цена до ЕВН Хоме

Струјата поскапува? ЕСМ понуди за 2 евра повисока цена до ЕВН Хоме

КРИЗА ЗА РАБОТНИЦИ: Германија има потреба од негуватели

КРИЗА ЗА РАБОТНИЦИ: Германија има потреба од негуватели

Мицкоски: „Акуо“ беа кај мене, под вакви услови не може да биде странски инвеститор

Мицкоски: „Акуо“ беа кај мене, под вакви услови не може да биде странски инвеститор

РУСКИТЕ АНАЛИТИЧАРИ ПРЕДВИДУВААТ ЛОША 2025 ГОДИНА: Eдно евро се тргува за 115.66 рубљи

РУСКИТЕ АНАЛИТИЧАРИ ПРЕДВИДУВААТ ЛОША 2025 ГОДИНА: Eдно евро се тргува за 115.66 рубљи

Азески и Туркменоглу: Поддршката за конкурентноста на приватниот сектор – дел од стратегијата на ЕБОР

Азески и Туркменоглу: Поддршката за конкурентноста на приватниот сектор – дел од стратегијата на ЕБОР

КОШНИЦАТА СЕ КРЧКА, АМА ЗА МИНИМАЛЕЦОТ УШТЕ ЌЕ ПОЧЕКАМЕ – граѓаните скептични

КОШНИЦАТА СЕ КРЧКА, АМА ЗА МИНИМАЛЕЦОТ УШТЕ ЌЕ ПОЧЕКАМЕ – граѓаните скептични