06 Декември, 2025
0.0501

ПРОКРЕДИТ БАНКА СО НАМАЛЕНИ ПРОВИЗИИ, БЕСПЛАТНИ ИНТЕРНИ ТРАНСФЕРИ И СЕПА ПОВОЛНОСТИ ЗА ФИЗИЧКИ И ПРАВНИ ЛИЦА

Објавено во: Мои пари 04 Септември, 2025 12:48

Добивај вести на Viber

Согласно препораките од Народната банка, а со цел поддршка на граѓаните, компаниите и забрзување на дигиталната трансформација на платниот промет, ПроКредит Банка ги намалува провизиите на дел од своите услуги за физички и правни лица.

Како дел оддолгорочната стратегија за фер и транспарентен однос со клиентите, интерните трансфери во рамки на банката како и досега остануваат без провизија.

Клучна новина за физички лица која ќе настапи од 14.09 се намалените провизии за електронски трансакции преку КИБС и МИПС до 50%. Провизиите за МИПС плаќањата се намалуваат од 100 МКД на 50 МКД, додека провизиите за КИБС плаќањата се намалуваат од20МКД на 12 МКД.  Дополнително ќе има намалување и на провизиите за МИПС плаќања во филијала за повеќе од 30%.

Истовремено, од 01.09 банката намали и дел од провизиите за правни лица, и тоа намалени провизии за МИПС налози реализирани преку електронско банкарство до 25%, како и дополнително намалување на провизиите за МИПС плаќања во филијала за повеќе од 30%. Во тарифникот на банката има намалување и на провизиите за трајни налози преку електронско банкарство.

Со интеграцијата со СЕПА од октомври, ПроКредит ќе овозможи и дополнителни поволнипровизии за вршење меѓународни плаќања, и тоа СЕПА кредитен трансфер 620 МКД / 10 ЕУР, СЕПА прилив 360 МКД / 6 ЕУР. СЕПА трансферите ќе овозможат побрз, поефикасен и поекономичен меѓународен платен промет, со што клиентите ќе добијат уште поголема вредност и сигурност.

ProPay меѓународните трансфери во рамките на ПроКредит Групацијатакако уникатен продукт на Банката остануваат најекономични на пазарот со реализација во истиот ден и фиксна провизија од 2.5 ЕУР за дознаки, 0 ЕУР за приливи.

“ПроКредит Банка останува доследна на својата стратегија за транспарентност, едноставност и фер пристап кон клиентите – физички и правни лица. Со новите намалени провизии, уште повеќе ги олеснуваме секојдневните банкарски потреби и го правиме платниот промет поефикасен и поекономичен.

Дополнително, како банка која прва ја воведе дигитализацијата во нашата индустрија во земјата, најголем дел од услугите ги нудиме преку дигитални канали, што ни овозможува да бидеме поефикасни, а нашите цени и провизии – пониски и поконкурентни на пазарот.” – изјавија од ПроКредит Банка.

Дознајте повеќе на веб страната www.pcb.mk

ПР објава

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј