ПроКредит Холдинг: Успешно зголемување на капиталот
Објавено во: Финансии 09 Февруари, 2018 09:37
На 02.02.2018 год., во Франкфурт на Мајна, Прокредит Холдинг АГ&Кo. КГаА („ПроКредит“, со меѓународен број за идентификација на хартиите од вредност - ИСИН DE0006223407), матична компанија на ПроКредит Групацијата, успешно го реализираше зголемувањето на капиталот, одобрено на 01.02.2018 година. Беа издадени вкупно 5.354.408 нови акции по цена од 11,40 евра, што резултираше со бруто зголемување на акционерскиот капитал на ПроКредит за околу 61 милион евра.
Новите акции беа пласирани со забрзана процедура, при што беа понудени на квалификувани институционални инвеститори. Акционерскиот капитал на Прокредит Холдинг АГ&Кo. КГаА се зголеми од 267.720.420 ЕУР на 294.492.460 ЕУР или, поточно, за 26.772.040 ЕУР од парични придонеси, не земајќи ги во предвид претплатничките права. Со оглед на големата побарувачка за нови акции, Управниот одбор и Надзорниот одбор на Прокредит Холдинг АГ&Кo. КГаА одлучија да го зголемат акционерскиот капитал од одобрениот капитал за 10%, наместо за 3%.
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) впишала 40% од новите акции кои, по зголемувањето на капиталот, претставуваат 3,6% од целокупниот акционерски капитал на Прокредит Холдинг. „ПроКредит е наш долгогодишен партнер во трансакции со должнички и сопственички инструменти. Среќни сме што учествуваме во ова прво зголемување на капиталот спроведено преку пазарот на капитал, како поддршка на натамошниот раст на Групацијата и подобрување на пристапот на МСП-а до одговорно финансирање во земјите кадешто работиме. Прокредит Холдинг и понатака е еден од клучните партнери на ЕБОР во кредитирањето на МСП“, изјави Хенри Расел, Директор на Групата за финансиски институции на ЕБОР за Западен Балкан, Белорусија, Молдавија и Украина.
Борислав Костадинов, член на Управниот одбор на ПроКредит Џенерал Партнер АГ (ProCredit General Partner AG), (единствено одговорно управно тело на ПроКредит Холдинг АГ&Кo. КГаА), објасни: „Една година по запишувањето на акциите на нашата холдинг компанија на Франкфуртската берза, за првпат денес го искористивме пристапот до пазарот на капитал, со цел да го финансираме идниот раст на нашата банкарска групација. Мошне сме задоволни од успехот што го постигнавме со оваа мерка. Побарувачката за нови акции од Прокредит Холгинг значително ги надмина нашите очекувања. Го цениме фактот што Европската банка за обнова и развој инвестираше во голем број од новите акции. Успешниот пласман на новите акции за нас е јасен знак на доверба во нашата Групација и во нашиот начин на банкарско работење.“ Врз основа на успешната мерка за зголемување на капиталот, ПроКредит планира и понатака да го продолжи растот на Групацијата и да го прошири работењето со МСП-а, главно од Југоисточна и Источна Европа.
Новите акции имаат право на дивиденда од 1 јануари 2017 год. и се очекува тие да бидат вклучени во постоечкиот список, во под-сегментот на регулираниот пазар (Prime Standard) на Франкфуртската берза на 7 февруари 2018 год.
Мерката за зголемување на капиталот беше пропратена од Беренберг (Berenberg), како единствен глобален координатор, од екинет Банк (equinet Bank), како заеднички сметководител, и од Еконекст (Econnext), како советник.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Миноски: Инфлацијата ја прави прекумерната владина потрошувачка, а не потрошувачите
Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција





