06 Декември, 2025
0.0304

ПроКредит ја лансираше ProConnect – единствената дигитална бизнис платформа за вмрежување во Југоисточна и Источна Европа

Објавено во: Мои пари 29 Септември, 2025 13:20

Добивај вести на Viber

ПроКредит Групацијата со возбуда ја претставува ProConnect - едноставна и интуитивна дигитална платформа за вмрежување, дизајнирана исклучиво за бизнис клиенти на ПроКредит Банките на ниво на целата Групација.

Оваа платформа ќе им помогне на бизнис клиентите да пристапат до нови пазари, да се поврзат со доверливи партнери низ 12 земји и да го развијат својот бизнис, како локално, така и надвор од границите на државата.

Платформата нуди многу можности: прво и најважно вмрежување со потенцијални добавувачи и купувачи, но истовремено и ефикасност - клиентите ќе уживаат во побрзи трансфери и пониски трошоци за меѓународни плаќања во рамките на мрежата на ПроКредит Групацијата преку уникатната ProPay услуга.

ProConnect им помага на бизнисите да растат надвор од границите. Им дава видливост и покажува дека ПроКредит е повеќе од групација банки: тие се  доверлив партнер за долгорочен успех. На овој начин, клиентите имаат можност да истражуваат сосема нови пазари или да ги зајакнат постојните. Сето ова е поддржано со ексклузивен пристап до содржини како што се деловни вести или пазарни трендови.

Ериола Биболи, член на Управниот одбор на ПроКредит Холдинг и одговорна за бизнис развој, објасни: „Сакаме да создадеме простори каде што нашите клиенти, колеги и партнери можат да се поврзат, да споделуваат знаење и да пронајдат можности. ProConnect ни помага да го правиме токму тоа, паметно и флексибилно низ целиот регион. “

Потребни се помалку од пет минути за бизнисите да се приклучат и да станат корисници на платформата. Откако компаниите ќе бидат верификувани од страна на банката, тие добиваат пристап до ProConnect каде можат да пронајдат потенцијални заинтересирани страни, како на пример купувачи, добавувачи, инвестициски партнери или дури и ментори. Преку организација на онлајн состаноци, бизнисите можат да ги претстават и своите производи и услуги.

Дознајте повеќе за ProConnect на следниот линк.

ПР објава

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј