05 Декември, 2025
0.0315

Промени на врвот – лидер во автомобилската индустрија е…

Објавено во: Анализа 22 Август, 2014 21:48

Добивај вести на Viber

Приходите на американскиот автомобилски гигант General Motors во вториот квартал на 2014 година изнесуваа 39 милијарди долари, резултет што го отстарани од првата тројка на светските производители. За овој период највисоки приходи има Концернот Volkswagen - 68 милијарди долари, следен од Toyota (62 милијарди долари) и Daimler (42 милијарди долари). Едвај на четвртото место е GM, а предноста пред петтиот - Групацијата Renault-Nissan, е само 100 млн. долари. Судејќи според продадените автомобили, тогаш GM ја зазема третата позиција со 4,92 милиони единици. Лидер на овој индикатор е Toyota со 5,1 милиони примероци, додека на второ место е Volkswagen и има резултат од 4,97 милиони, а во оваа единица влегуваат сите автомобили од групата. Концернот GM беше најголемиот производител во светот во текот на 77 години - од 1931 до 2007 година, но во последниве години американската автомобилска индустрија беше силно погодена од светската финансиска криза и уште не може да се опорави. И овие резултати го докажуваат токму тоа. К.К.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени