28 Септември, 2024
0.0280

ПРОМОЦИЈА НА МОНОГРАФИЈА ЗА ЗАРЕ ЛАЗАРЕВСКИ, ТВОРЕЦОТ НА СКИ-ЦЕНТАРОТ ВО МАВРОВО

Објавено во: Мои пари 25 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Во четврток на 27. јуни со почеток во 20:00 часот, во ресторанот „Воденица“, ќе се одржи Промоција на  монографијата  - Приказна за големиот визионер, креатор и градител ЗАРЕ ЛАЗАРЕВСКИ, СКИ – ЦЕНТАРОТ И МАВРОВО. Оваа монографија е направена во спомен на еден човек кој несебично се посвети на изградба и преродба на својот роден крај кој неизмерно го сакаше.

По повод 100 годишнината од раѓањето на Заре Лазаревски, за неговата животна определба Маврово да го направи признат и познат регионален ски и туристички центар, ќе зборуваат авторите Јасмина Миронски и Бранко Станчевски, како и членови на најблиското семејство.

Монографијата содржи автентични материјали, сеќавања и разговори со неговите соработници, поддржувачи и финансиери на подвигот, како и колегите од Јавното обвинителство, каде што го помина најголемиот дел од својот работен век како заменик јавен обвинител.

Воедно монографијата изобилува со вредни фотографии кои сведочат за едно друго време, кога имаше луѓе каков што беше Заре Лазаревски – ентузијасти, од ништо да направат многу, само од желба да помогнат и изградат нешто што ќе остане за доброто на сите.

Лазаревски иако со исклучителна општествена кариера, целосно се посветил како Маврово и крајот богат со природни убавини, но запустен и испустен, особено по Втората светска војна, да го возобнови. Тој бил голем визионер, харизматичен и авторитетен, кој успеа невозможното да го направи возможно и по три децении работа Маврово да го претвори во познат туристички центар не само во земјава туку и во целиот регион.

Лазаревски остави зад себе едно капитално животно дело: две жичарници, девет ски- лифтови поврзани согласно европските скијачки патеки за слалом, велеслалом, спуст, како и бројни сместувачки објекти со целосно изградена инфраструктура. Оттаму, несомнено е дека Заре Лазаревски и Скијачкиот центар – Маврово се синоним за една неделива целина.

Можеби ќе ве интересира

Доживеј ја трансформацијата на природата во есента на најдобар можен начин, во најубавото можно место во Македонија

Доживеј ја трансформацијата на природата во есента на најдобар можен начин, во најубавото можно место во Македонија

ГРИН МАШИНС на БРАКО доби златен медал на Меѓународниот технички саем во Пловдив

ГРИН МАШИНС на БРАКО доби златен медал на Меѓународниот технички саем во Пловдив

„Градиме кариери, не стереотипи“ - приватниот сектор полека го прифаќа потенцијалот на жените Ромки

„Градиме кариери, не стереотипи“ - приватниот сектор полека го прифаќа потенцијалот на жените Ромки

Свечено доделување на наградата „Пегаз“ за 2024 година и промоција на победничкиот роман „Ехото на акробатите“ од Владимир Јанковски

Свечено доделување на наградата „Пегаз“ за 2024 година и промоција на победничкиот роман „Ехото на акробатите“ од Владимир Јанковски

Вина „Монтеко“ – ризница од вкусови со уникатен печат

Вина „Монтеко“ – ризница од вкусови со уникатен печат

ПроКредит Банка и ЕБОР со нова кредитна линија во вредност од 4 мил евра за зелени инвестиции во домаќинствата

ПроКредит Банка и ЕБОР со нова кредитна линија во вредност од 4 мил евра за зелени инвестиции во домаќинствата

ДА ГО ОБОИМЕ СВЕТОТ ВО БОЈАТА НА ВРАНЕЦ: По шести пат се одбележува Светскиот ден на вранецот

ДА ГО ОБОИМЕ СВЕТОТ ВО БОЈАТА НА ВРАНЕЦ: По шести пат се одбележува Светскиот ден на вранецот

Серијата Galaxy S24 се проширува со S24 FE: Врвно искуство кое ги прави сите функции на Galaxy AI достапни за повеќе корисници

Серијата Galaxy S24 се проширува со S24 FE: Врвно искуство кое ги прави сите функции на Galaxy AI достапни за повеќе корисници

Третата годишна конференција „Ingram & Vendors Networking #3“ ги постави темелите на најновите стандарди во ИТ индустријата

Третата годишна конференција „Ingram & Vendors Networking #3“ ги постави темелите на најновите стандарди во ИТ индустријата