06 Октомври, 2024
0.0349

Промовиран проектот за електронска достава на сите документи од Агенцијата за катастар на недвижности

Објавено во: Економија 09 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Владата на Република Македонија и Агенцијата за катастар на недвижности денеска го промовираат почетокот на Проектот за електронска достава на сите документи од страна на државните институции до Агенцијата за катастар на недвижности.

Отсега судовите, министерствата, органите на државната управа, единиците на локалната самоуправа и другите субјекти со пренесени јавни овластувања, сите исправи кои содржат правен основ врз основа на кој се врши запишување во катастарот на недвижностите ќе ги доставуваат исклучиво по електронски пат до катастарот.

Исто така доколку некоја државна институција има потреба од имотниот лист, копијата од катастарскиот план како и другите податоци од катастарот  истите ќе ги добиваат по електронски пат.

katastar 1

За да се овозможи електронска комуникација помеѓу државните институции и Агенцијата за катастар на недвижности, Владата на Република Македонија предложи измени на закони од Областа на правосудството, финансиите, градежништвото, земјоделието, социјална заштита, економијата, културата и здравството. Проектот предвидува измена на 30 закони и тоа :

  1. Закон за експропријација
  2. Закон за денационализација
  3. Закон за приватизација и закуп на градежно земјиште
  4. Закон за даночна постапка
  5. Закон за земјоделско земјиште
  6. Закон за продажба на земјоделско земјиште
  7. Закон за семејство
  8. Закон за управување со конфискуван имот
  9. Закон за вештачење
  10. Закон за процена
  11. Закон за државно правобранителство
  12. Закон за бесплатна правна помош
  13. Закон за управување со кризи
  14. Закон за стечај
  15. Закон за концесии и јавно приватно партнерство
  16. Закон за заштита на културно наследство
  17. Закон за социјална заштита
  18. Закон за централен регистар
  19. Закон за катастар на недвижности
  20. Закон за нотаријат
  21. Закон за извршување
  22. Закон за обезбедување на побарувања
  23. Закон за судови
  24. Закон за адвокатура
  25. Закон за управни спорови
  26. Закон за заклучување на стечајни постапки
  27. Закон за минерални суровини
  28. Закон за надворешни работи
  29. Закон за лекови и медицински помагала
  30. Закон за градежно земјиште

Техничките услови за поврзување ги овозможи катастарот преку својот електронскиот шалтер, кој веќе брои над 700 професионални корисници односно денес преку истиот со катастарот електронски се поврзани сите нотари, геодетски фирми, извршители и проценители во државата. Со поврзувањето на државните институции преку овој проект бројот на корисници на електронскиот шалтерот ќе се зголеми за повеќе од 200 нови корисници.

Електронскиот шалтер е воспоставен во 2011 година и во овој момент Агенцијата за катастар на недвижности веќе 44 %од вкупниот број на предмети ги прима преку истиот.

Со електронското поврзување на надлежните институции со Агенцијата за катастар на недвижности се очекува овој процент драстично да се зголеми а истовремено ќе се забрза и поедностави постапката за користење на податоците од катастарот и ќе се овозможи побрз и посигурен начин на доставување на пријавите и правните основи за запишување во катастарот. Најголема продобивка од ваквата комуникација секако ќе имаат граѓаните кои досега од шалтерот на една институција со прибавените документи се упатувааа на шалтерот на катастарот и губеа драгоцено време. Отсега самите државни институции по службена должност ќе ги достават потребните документи за постапување до катастарот, додека катастарот по завршување на постапката документите по електронски пат ќе ги достави до надлежната институција.

Така на пример со измените на законот за Централен Регистар доколку некое лице сака да отвори фирма и при тоа како непаричен влог го става својот недвижен имот тогаш Централниот регистар преку електронскиот шалтер до Агенцијата за катастар на недвижности ќе ги достави потребните документи со цел прибележување на товарот во имотниот лист.

Со измените пак на Закон за приватизација и закуп на градежно земјиште, сите Решенија за приватизација на дворните места Управата за имотно правни работи ќе ги доставува до катастарот по електронски пат, со измените на Закон за земјоделско земјиште се задолжува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство  сите Договори за Закуп и плодоуживање на државно земјиште по електронски пат да ги доставува до катастарот.

Досегашна негативна пракса беше граѓаните и правните лица по добивањето на  документите за запишување во катастарот да ги чуваат дома, со што базата на катастарот остануваше неажурирана. Со овој проект државните институции по службена должност по електронски пат ќе ги доставуваат документите до катастарот со што се зголемува ефикасноста на јавната администрација, исто така се зголемува сигурноста на доставувањето на документите до катастарот, а со самото тоа во катастарот се добива целосна up to date база во секое време.

katastar 2

Покрај измената на другите закони произлезе потребата и за измена на Законот за катастар на недвижности. Со новите измени кои пред два дена ги усвои Собранието на Република Македонија се овозможува бесплатно користење на податоците од катастарот од страна на министерствата, судовите, обвинителствата и државното правобранителство. Со оваа мерка  се очекува да се зголеми ефикасноста на овие органи во случаите од имотно правната проблематика, бидејќи сите податоци преку електронскиот катастар 24 часа ќе бидат достапни до нив.

Со цел ефикасно спроведување на судските одлукисо измените на Законот се предвидува една новина да правосилните Пресуди и Решенија од имотните спорови без плаќање на  надоместок судовите по електронски пат ги достават до Агенцијата заради нивно предбележување во катастарот на недвижности.

Исто така Надлежните судови без плаќање на  надоместок, во кривичните постапки, суските одлуки со кои одлучуваат за гаранциите со хипотеки на недвижен имот и за привремено обезбедување и одземање на недвижен имот, заедно со пријавите за запишување, ќе ги доставуваат по електронски пат до Агенцијата.

Со поврзувањето на катастарот со судовите  се искоренува досегашната негативна пракса кога граѓаните и правните лица по добивањето на пресуда наместо истата да ја донесат во катастарот тие ја чуваа дома.

Законот предвидува и Државното правобранителство на Република Македонија, без плаќање на  надоместок, до Агенцијата по електронски пат ги доставува исправите за правен основ врз основа на кои се врши запишување на недвижен имот во корист на Република Македонија.

Со цел целосно опфаќање на електронско доставување на правните основи до катастарот, за веќе издадените документи, тоа најчесто се стари пресуди, договори, наследни решенија, градежни дозволи и др. со измените на законот се дава можност да и приватните геодетски фирми кои ги изготвуваат геодетските елаборати, во име на граѓаните со соодветно полномошно да поднесат по електронски пат барање до катастарот.

Со практичната реализација на овој проект Агенцијата за катастар на недвижности е вториот катастар во Европа, по Холандскиот која своите предмети ќе ги прима исклучиво по електронски пат..

Можеби ќе ве интересира

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта