05 Декември, 2025
0.0262

ПРОПАДНА ОБИДОТ ЗА „ГИНИС“: Само 7.000 играорци се фатија на оро

Објавено во: Анализа 10 Мај, 2014 14:42

Добивај вести на Viber

Македонија не успеа да постави нов Гинисов рекорд во најдолго оро на светот. И покрај пријавените 20-тина илјади, само околу 7.000 играорци се приклучија на денешниот обид да се собори рекордот кој го држи Кина. Организаторите признаваат дека се соочиле со проблеми да обезбедат превоз за сите заинтересирани учесници. „Денеска го направивме тоа што го ветивме, но во помал број од околу 7 илјади учесници. Ние собравме сили да донесеме околу 7000 луѓе, тоа е и голем број на превозни средства. Ги имаше од сите генерации и возрасти, кои играа од сливот на реката Сатеска во Охридското Езеро, до влезот на градот. Орото е видео и фото документирано и ќе биде доставено до Гинис, иако имавме желба да го урнеме рекородот од 17 200 учесници“, вели Насер Хот, советник во Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Тој упати јавно извинување до околу 20 000 граѓани на Македонија кои беа заинтересирани да учествуваат во најавеното оро за Гинис и да дојдат во Охрид, но организаторот немал можност да им обезбеди превоз.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени