17 Декември, 2025
0.0637

Пропадна проектот за пренос на азербејџански гас преку „Набуко“

Објавено во: Економија 26 Јуни, 2013 14:43

Добивај вести на Viber

Азербејџанскиот конзорциум кој е одговорен за изворот на природен гас „Шах Дениз“ ја одби понуда да пренесува гас до Европа преку планираниот гасовод „Набуко“. Одбиената понуда ја дадоа група компании на чело со австриската ОМВ.

Австрискиот весник „Пресе“ се повикува на одлука на Конзорциумот кој управува со азербејџанското наоѓалиште „Шах Дениз“ со која тој се откажува од проектот „Набуко“ во прилог на конкурентскиот проект за Транс-јадрански гасовод (ТАП), кој минува преку Грција, Албанија и Италија.

Наоѓалиштето „Шах Дениз“се оценуваше како најважниот извор на гас во проектот „Набуко“.

Во конзорциумот на наоѓалиштето учествуваат компаниите „Бритиш петрол“ (БП), „Статоил“, „Тотал“, „Лукоил“, иранското нафтено здружение Ен-Ај-Оу-Си, турската ТПАО и азербејџанскиот енергетски гигант СОКАР. Неодамна „Бритиш петрол“ соопшти дека одлуката ќе биде објавена кон крајот на јуни 2013 година.

Акционери на  конзорциумот кој го поддржуваше проектот „Набуко“ се австриската О-Ем-Ви, унгарската ФГС, бугарскиот „Булгаргаз“, романскиот „Трансгаз“ и турскиот БОТАШ.

Според плановите, гасоводот Набуко-Запад треба да пренесува гас од бугарско-турската граница преку Бугарија, Романија и Унгарија до Австрија.

Проектот „Набуко“ требаше од крајот на 2017 година да пренесува гас до Европа од азербејџанското наоѓалиште „Шах Дениз“.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години