Пропадна уште еден тендер за Луна-паркот во Скопје
Објавено во: Македонија 01 Март, 2014 09:00
„На јавниот повик за приватно јавно партнерство за изградба на нов Луна парк, кој заврши денеска, не се пријави ниту една фирма. Ова беше трет јавен повик за приватно-јавно партнерство. Градот Скопје и градоначалникот Коце Трајановски не се обесхрабрени од денешниот исход и не се откажуваат од проектот за целосно осовременување на забавниот парк, а за модалитетите на кој начин ќе биде реализирана идејата јавноста благовремено ќе биде информирана“, изјавија за Фактор од Градот Скопје.Според критериумите предвидени во последниот оглас, Градот Скопје бараше приватен партнер за со кој ќе изгради модерен и забавен Луна-парк што ќе ги задоволи највисоките светски стандарди за ваков тип објекти. Инвеститорот би го добил забавниот парк под концесија во траење од 35 години. Од потенцијалниот инвеститор се бараше позитивно финансиско работење и најмалку шест милиони евра остварени вкупни приходи во последните три деловни години. Според критериумите за бодување, најмногу поени носеа цената на дневниот билет за влез и неограничено користење на реквизитите и рокот за изведба на забавниот парк, што е подготвен да го понуди инвеститорот. Инвестицијата во забавниот парк се проценува на околу осум милиони евра. Според условите во договорот, концесионерот е должен за дизајнот на Луна паркот, за финансирањето, изградбата, работата и одржувањето на модерниот забавен парк. Како би изгледал Луна паркот? Новиот забавен парк, како што го замислуваат градските власти, треба биде сместен на локацијата на сегашниот Луна Парк. Според истражувањето извршено во Студијата за изградба на нов забавен парк во Скопје на ИДОМ Консалтинг од Шпанија, се согледани можностите за изградба на паркот на вкупна површина од 26.563 м2, со можност површината на локацијата на постоечкиот забавен парк да се зголеми и до 40.000 м2. На оваа површина би имало влез со соодветни придружни објекти, административни објекти, нови забавни реквизити за возење во согласност со Европските стандарди за безбедност, објекти за служење на храна и пијалоци, дел за продажба на сувенири, затворен дел за играње, паркинг простор, соодветна техничка инфраструктура, тематизација на паркот. Според образложението на Градот, инвестицијата се очекува да генерира зголемени приходи од работењето на забавниот парк со годишна посетеност од 200 илјади посетители, најмногу семејства и деца до 15 години. Ј.С.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти
БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија





