29 Јуни, 2024
0.0252

ПРОПАДНАТА ИНВЕСТИЦИЈА 1: Раскинат договор со турски инвеститор!

Објавено во: Економија 03 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Ништо од турската инвестција Истем Медикал ДОО Илинден. На крајот од минатата година, Комисијата за заштита на конкуренцијата, по предлог на Агенцијата за странски инвестции донесе решение со кое го огласи за ништовно претходното Решение за оцена на помошта од страна на Комисијата. Имено, Договорот со турската компанија за инвестицијата која беше најавена дека вреди 10 милиони евра – пропадна.

“Договорот кој е склучен врз основа на претходно добиено Решение за оцена на помошта од страна на Комисијата ќе биде раскинат. Ова од причина што пред склучувањето ан договорот Владата склучила Договор за долготраен закуп на градежно земјиште со Итем Медикал ДОО Илинден за реализација на инвестициски проект на компанијата со обврска компанијата да започне со градба на објеки во Зоната во рок од 9 месеци со денот на склучување на Договорот““ - наведуваат од Комисијата за заштита на конкуренцијата.

Во дописот што на Комисијата и го испратила Дирекцијата за ТИРЗ се наведува дека турската компанија не го испочитувала рокот за започнување со градба на објекти во зоната. Со ова, Договорот е едностарно раскинат а Решнеието за доделување помош воопшто не стапило на сила.

Со ова, практично пропаѓа уште една инвестција која помпезно беше најавена од тогашниот владин врв предводен од сега веќе екс-премиерот Никола Грувески. Оваа инвестиција беше најавена од Анкара, каде нашата делагација имаше средба со менаџерите на турската компанија.

Која беше компанијата “Итем Медикал“

Оваа компанија првичните  сигнали за инвестирање во Македонија ги прати уште во 2014 година.  На крајот од истата година во Турција имаше бизнис средба за прецизирање на намерата за инвестирање по што беше објавено дека во најава е инвестициски зафат вреден 10 милиони евра за изградба на фабрика  за произвство на  медицинска опрема, катетрхидрофилни катетери, уролошки системи  и останати медицински производи.

“Инвестицијата е вредна 10 милиони евра. Првенствено ќе имаме 150 вработени и после неколку години планираме таа бројка да се зголеми и да дојде до 250 вработени. Инаку сме многу благодарни на Владата што нуди добри услови за инвестирање и секогаш се однесува пријателски и добро не прими. Економските промотори многу ни помогнаа во реализирањето на оваа инвестиција и веруваме дека со ова темпо ќе продолжиме и понатаму и ќе реализираме и други инвестиции во иднина“ - изјави во Анкара извршниот директор на „Истем Медикал“, Муса Јамурлу.

Заменик директор на Агенцијата за странски инвестиции и поттикнување на извозот, Климент Шекеровски тогаш истакна дека се работи за турска компанија која ќе произведува медицинска опрема во Република Македонија и ќе придонесе за креирање на нови работни места.

“Остваривме работна вечера со компанијата „Истем Медикал“ и поводот за кој што зборуваме денес е уште еден успешен проект во низата проекти на Владата на Република Македонија. Ова е доказ за сериозниот пристап и посветената работа на Владата која креира успешна бизнис клима за привлекување на нови странски директни инвестиции“- изјави Шекеровски.

Две години по овие најави, Комисијата за заштита на конкуренцијата објави ништовност на Договорот а оваа инвестиција заврши на листата најавени а нереализирани.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Се бараат сезонски работници од Грција во Германија: Плата до 3.000 евра, а најбарани се луѓе од овие сектори

Се бараат сезонски работници од Грција во Германија: Плата до 3.000 евра, а најбарани се луѓе од овие сектори

Ангеловска-Бежоска за НИН: Монетарната политика овозможи одржување на макроекономската стабилност во неизвесни кризни времиња

Ангеловска-Бежоска за НИН: Монетарната политика овозможи одржување на макроекономската стабилност во неизвесни кризни времиња

Избран нов директор на Царина: Еве каков имот пријавил Бобан Николовски

Избран нов директор на Царина: Еве каков имот пријавил Бобан Николовски

И ПО САЊА ЛУКАРЕВСКА, ЖЕНА ЌЕ РАКОВОДИ СО УЈП: Еве која дама седнува на директорската фотелја во таа инситуција

И ПО САЊА ЛУКАРЕВСКА, ЖЕНА ЌЕ РАКОВОДИ СО УЈП: Еве која дама седнува на директорската фотелја во таа инситуција

Поскапе само едено гориво: Од полноќ стапија на сила новите цени

Поскапе само едено гориво: Од полноќ стапија на сила новите цени

Пет од нив поделија 1,94 милиони евра во плати и награди: Дали се ова најдобро платените банкари во Македонија?

Пет од нив поделија 1,94 милиони евра во плати и награди: Дали се ова најдобро платените банкари во Македонија?

НАЈНОВИ ПОДАТОЦИ: Koлку изнесува нето надворешниот долг на Македонија?

НАЈНОВИ ПОДАТОЦИ: Koлку изнесува нето надворешниот долг на Македонија?

OДЛУКИ НА ВЛАДА: Повисоки пензии, укинат факултетот за здравствени науки во Струга, нови именувања

OДЛУКИ НА ВЛАДА: Повисоки пензии, укинат факултетот за здравствени науки во Струга, нови именувања

ВАЛУТИ: Доларот e на највисоко ниво во 40 години во однос на јенот

ВАЛУТИ: Доларот e на највисоко ниво во 40 години во однос на јенот