29 Јуни, 2024
0.0290

ПРОПАДНАТА ИНВЕСТИЦИЈА 2 : Раскинат договор со германски инвеститор!

Објавено во: Економија 03 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

На голема врата најавената  германска инвестција во Демир Хисар и официјално – заврши во историјата, како ветена а неостварена. Комисијата за заштита на конкуренцијата  извести дека се прогласува за ништовно Решението на комисијата  за оваа инвестиција и тоа по предлог на Владата, односно министерот за странски инвестции Џери Наумоф.

“Во дописот од кабиентот на министерот Џери Наумоф се навeдува дека потпишувањето на Договорот за доделување на државна помош на ДПТУ Лутех ДООЕЛ Скопје во општина Демир Хисар, вон опфат од технолошко-индустриските развојни зони, воопшто не се случил а кој Договор беше еден од правните основи врз основа на кои Комисијата донесе решение за оценка на помошта содржана во Договорот.“ - информира Комисијата.

Имено, паралелно со процедурата за доделување државна помош, инвеститорот водел и процедура за да го купи или закупи имотот на “brownfield“ инвестицијата – индустриски објекти лицирани во Демир Хисар. Но, инвеститорот се соочил со законски пречки, по што одлучил да не го потпише договорот.

Инвестицијата требаше да ја реализира германската компанија STSTextilesGmbH & Co.KG преку домашното правно лице  ДПТУ Лутех ДООЕЛ Скопје. Бидејќи договорот за доделување помош не бил потпишан, тој, како што информира комисијата нема никакви правни последици и импликации.

Која беше најавената германска инвестиција ?

Точно пред една година, Владата ја најави германската инвестиција, кој беше проценета на четири милиони евра. Најавено беше  дека ќе се отворат 150 работни места а според очекувањата бројката требаше да достигне илјада вработени.

За оваа инвестција преку својот ФБ профил, во февруари, лани,  се огласи и претседателот на Вмро-Дпмне, Никола Груевски. 

“Она што е значајно е тоа што оваа најнова инвестиција ќе биде лоцирана во Демир Хисар, што е од исклучително значење за егзистенцијата и развојот на овој регион од државата. Компанијата ќе произведува специјализиран текстил и Република Македонија ќе биде првата земја во којашто отвораат нов производствен капацитет надвор од границите на Германија. Планот е за почеток да се инвестираат 4 милиони евра со што ќе се вработат најмалку 150 лица, со намера низ реализација на повеќегодишен план оваа бројка значително да се зголеми и да се вработат до 1.000 лица. Тоа ќе значи сигурна егзистенција за 1.000 семејства од Демир Хисар и од блиските градови и населени места. На оваа одлука за инвестирање претходеа повеќемесечни интензивни разговори, и особена посветеност и ангажман на економскиот тим. Посебни честитки за потпретседателот на владата Владимир Пешевски, како и министерот Џери Наумоф и заменик директорот на агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Климент Шекеровски кои имаа голем ангажман за оваа инвестиција“ -  напиша Груевски.

Седум месеци по најавата,од самото место каде требаше да се изградата погоните, се огласи СДСМ. 

„Пред само седум месеци Никола Груевски и неговиот дил-ориентед министер Владимир Пешевски лажеа дека токму овде, во оваа фабрика ќе влезе странската инвестиција на компанијата СТС Текстајл. Овде требаше да работат над 150 граѓани од Демир Хисар. Се најавуваше и забрзан економски раст на овој крај. Граѓаните на Демир Хисар беа излажани дека реализацијата на договореното е во тек. Како што можете да видите, инвеститор нема. Фабриката ,,Застава“ е празна, а и ветените стотици и илјадници работни места ги нема. Лажеш Никола!“ - изјави  потпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

Според неодамнешното истражување на Бирн, од 2007 година досега биле реализирани седум пати помалку инвестции во однос на најавените суми на вложување.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Се бараат сезонски работници од Грција во Германија: Плата до 3.000 евра, а најбарани се луѓе од овие сектори

Се бараат сезонски работници од Грција во Германија: Плата до 3.000 евра, а најбарани се луѓе од овие сектори

Ангеловска-Бежоска за НИН: Монетарната политика овозможи одржување на макроекономската стабилност во неизвесни кризни времиња

Ангеловска-Бежоска за НИН: Монетарната политика овозможи одржување на макроекономската стабилност во неизвесни кризни времиња

Избран нов директор на Царина: Еве каков имот пријавил Бобан Николовски

Избран нов директор на Царина: Еве каков имот пријавил Бобан Николовски

И ПО САЊА ЛУКАРЕВСКА, ЖЕНА ЌЕ РАКОВОДИ СО УЈП: Еве која дама седнува на директорската фотелја во таа инситуција

И ПО САЊА ЛУКАРЕВСКА, ЖЕНА ЌЕ РАКОВОДИ СО УЈП: Еве која дама седнува на директорската фотелја во таа инситуција

Поскапе само едено гориво: Од полноќ стапија на сила новите цени

Поскапе само едено гориво: Од полноќ стапија на сила новите цени

Пет од нив поделија 1,94 милиони евра во плати и награди: Дали се ова најдобро платените банкари во Македонија?

Пет од нив поделија 1,94 милиони евра во плати и награди: Дали се ова најдобро платените банкари во Македонија?

НАЈНОВИ ПОДАТОЦИ: Koлку изнесува нето надворешниот долг на Македонија?

НАЈНОВИ ПОДАТОЦИ: Koлку изнесува нето надворешниот долг на Македонија?

OДЛУКИ НА ВЛАДА: Повисоки пензии, укинат факултетот за здравствени науки во Струга, нови именувања

OДЛУКИ НА ВЛАДА: Повисоки пензии, укинат факултетот за здравствени науки во Струга, нови именувања

ВАЛУТИ: Доларот e на највисоко ниво во 40 години во однос на јенот

ВАЛУТИ: Доларот e на највисоко ниво во 40 години во однос на јенот