Пропагандна хајка за уништување на Шарената револуција?
Објавено во: Економија 30 Мај, 2016 07:55
“После еден од минатонеделните протести јас и уште двајца мои другари, едниот од партијата ,,Левица", другиот од младинската организација ,,Мугра", бевме легитимирани од двајца полицајци во цивилка. Едниот од нив,доста нападно и упорно мене и на другар ми почна да ни кажува како тоа не сме личеле на сликите од нашите лични карти, на што ние одговоривме со иронични насмевки дека ние сме тие. Секојдневно после протестите се легитимираат демонстранти и се повикуваат на информативни разговори, што е знак на длабока паника во режимско-полициските редови и очајнички обиди за внесување страв меѓу демонстрантите.
Треба да им биде јасно дека сето ова им е јалово и нема да не поколеба во нашата истрајност во барањата за правда, кривична одговорност за криминалците и системска промена на нашето општество во општество базирано на солидарност, социјална правда и демократија”-вели Бошковски.
Анти-владините протести во континуитет траат најдолго во историјата на Македонија и според него се еден процес на општествено созревање, бидејќи сите претходни протести од 2009-та до денес, иако доста помалубројни имаат голема улога и придонес кон создавањето на протестна култура. Нешто што вели претходно не било одлика на нашето општество, што пак од друга страна е своевидно искуство за учесниците.
“Посебно од големо значење се протестите против полициската бруталност од јуни 2011 кога власта се обиде да го сокрие убиството на Мартин Нешковски. Тоа беа првите континуирани протести и за нив многу значајно беше и тоа како тие беа практикувани - преку хоризонтална организација и секојдневно координирање и практикување на директна демократија позади спомен куќата на ,,Мајка Тереза". На тоа власта одговори со контра-протести организирани од УМС.,,Протестирам" и Шарена револуција се сите граѓан(к)и, формални и неформални движења, организации, партии и други субјекти кои сакаат да направат промена во нашето општество.Според мене за да се издвојува победа во битката против овој автократски режим потребна е уште поголема масовност на протестите”- нагласува Бошковски.
Граѓаните кои се под силен притисок иако се под реална закана за губење на своите работни места, како што вели едноставно мораат да се охрабрат и да му откажат послушност на режимот, за да разберат дека ова што се случува е погубно за сите, а е во корист само на авторитарниот и корумпиран естаблишмент на власт кој ги држи перспективите во заложништво.
“Обидот за притисоци го има во секој сектор. На членовите на ,,Левица", Здравко Савески и Владимир Куновски им е продолжен куќниот притвор, додека Никола Аризанов, Филип Наковски и Борјан Ефтимов добија условни казни. Сево ова поради тоа што излегоа на улица и протестираа против скандалозната и срамна одлука за аболиција донесена од претседателот. Морам да напоменам дека е неопходно да се отвори жиро сметка и да се собираат средства за надоместување на материјалната штета за канцеларијата на Иванов, за штетата да не падне врз споменатите.Постои притисок со легитимирања од полиција, повикување на информативни разговори како што спомнав погоре, и со пропагандистички хајки, лаги, клевети и манипулации во про-владините медиуми. Ова не е ништо ново, затоа што владините мегафони оваа тактика на делегимирање и спинување на автентичното народно незадоволство ја користат веќе долги години”-потенцира граѓанскиот активист.
Оттука пропагандата дека во оваа држава нема никакво незадоволство, се е ,,розово", а протестите се ,,увезени" од надвор веќе неможе да помине. И покрај силната хајка која се води против граѓанските активисти, слободоумни интелектуалци и истакнати борци за човекови права, која отиде дотаму што беше испорачано дури и укинување на невладини организации и политички партии кои се неистомисленици со политиките на власта, за Бошковски е предизвик повеќе да се справи со проблемите, она што вели го заборавиле надлежните и најповиканите.
Аболициите како што објаснува мора да бидат целосно повлечени, а не селективно, затоа што со селективноста одредена група на граѓани е ставена над законите и е недопирлива за разлика од сите останати.
Излезот од кризата го гледа во целосно повлекување на како што ги оценува против-правните аболиции,потоа оставка на претседателот, вклучување на цивилното општество во процесот за излез од кризата, формирање на преодна влада, формирање на специјално одделение задолжено за предметите под СЈО. Дополнително порачува Бошковски треба да има итен процес за одвојување на партијата од државата, да се направи попис,потоа прочистување на изборниост список и итни чекори за медиумски реформи и избори, но само по исполнувањето на сите овие реформи кои се неопходни за демократизација на општеството.
С.Б
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




