25 Април, 2024
0.0318

Пропагандни ветришта дуваат над Македонија

Објавено во: Македонија 10 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Човек ако не живее на овие простори ќе помисли дека државата е на работ на војна. Во офанзива е пропагандата која ја штити донеодамнешната власт, а која сега се тркала се позабрзано надолу. Пропагандни ветришта дуваат над МакедонијаОд онаа страна на Атлантикот доаѓаат текстови, дебело платени, и главно со атаци врз ЏорџСорос и неговата улога во Македонија. Од истокот, пак, од Русија, се испорачуваат разни аналитички текстови во кои се обвинува Западот дека сака да ја ликвидира Македонија. Не заостануваат и соседите. И тие навиваат за едната или другата страна. Но пред се водејќи се од свој интерес.

Развојот на настаните во државава како да ги фрли во аут Сорос и неговите пари кои се користат за медиумско „уривање на власта“ и за граѓанскиот сектор кој е „продолжена рака“ на опозицијата. Ако за нив се пишуваше пред две три недели, демек во САД ќе се истражува неговата работа во Македонија, дека американскиот амбасадор ЏесБејли ќе биде на тапет во Конгресот за финансиска поддршка на „соросоидите“, сега сето тоа стивна. Молк од таму. Веројатно пресушија парите за нарачани текстови. Но затоа од Русија непресушно доаѓаат текстови. И тие многу се совпаѓаат со ставовите на власта во заминување.

Во еден од нив, објавен на сајтот на телевизијата „Царград“, блиска до „идеологот“ на руската политика Александар Дугин, за работата на Сорос во Македонија,толку се измешаа работите што човек наместо загриженост, како што веројатно очекувале авторите, чувствува потсмев кон нив. Во текстот под наслов „ДоналдТрамп против неолибералите во Македонија“ има лаги кои се сака да се претстават за вистина. Па така непознатиот автор ќе напише: „Тој (Сорос) го финансираше големиот невладин сектор, а во периодот од 1993 до 1995 година, од парите на организацијата „Отворено општество“ беа купени радија и телевизори не само за жителите на главниот град, туку за секое село во Македонија. Тоа беше отворен социјален експеримент, затоа што во другите земји Сорос ги финансираше само печатените медиуми. Имено, затоа преку многу македонски средства за масовно информирање ним им успеа да распространуваат лажни информации и да ги „охрабрат“ јавните тенденции против владата, за да се спречи владата на најголемата партија ВМРО-ДПМНЕ“ во заштитата на националните интереси на Македонија.“ Анонимниот автор или автори, како да мислат дека тие години Македонија била Тунгузија. Но целта ги оправдува средствата.

Никаде и никогаш во ниту една анализа и коментар од Русија не се споменува криминалната власт. Не се споменуваат прислушкуваните разговори од кои блика криминал и сведоштво за тотална контрола врз граѓаните. Не се споменува потребата за одговорност за спроведување на политика на заплашување на народот. Постојано се труби за „неприфаќање на надворешно мешање во внатрешните работи на Македонија“. И дека Македонците треба сами да си ги решат работите.

Во друг текст на истиот сајт, „Царград“, повторно посветен на Македонија, но сега со наслов: „Запад ја ликвидира Македонија“, авторот  како да се залага Македонија да би ликвидирана.  Во подолгиот текст-анализа  со приказ на состојбите, на ставовите на Русија и Запад, на претседателот на Македонија Ѓорге Иванов, се носи интересен заклучок. Авторот вели:„ Меѓутоа на ситуацијата во Македонија може да се погледне и од друг агол. Како што Косово создаде преседан за Крим, така и демонтирањето на Македонија создава преседан за демонтирање на Украина. Како и во случајот со Косово, Запад тоа лицемерно ќе го негира, говорејќи дека станува збор за „посебен случај“, но преседанот, безусловно, ќе биде направен. Затоа што на Запад сметаат дека ним се им е дозволено, а на другите-не. Другите внимателно се’ набљудуваат и прават неизбежни заклучоци. И за тоа треба да размислат тие, кои сега имаат намера да ја запалат Македонија“.

Ова значи и закана. Ако вие ја ликвидирате Македонија, тогаш други ќе ја демонтираат Украина. Русија досега македонското искуство го користи во свои цели. Тоа е констатирано на овие страници повеќе пати. Охридскиот договор е искористен и од претседателот Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров да го постават прашањето за правата на бројното рускојазично население во Балтичките земји. Исто така и присоединувањето на Крим кон Русија Москва го објаснува со преседанот направен со прогласувањето на независноста на Косово од Србија. Во Приштина беше донесена Декларација за независност, а на Крим народот излезе на референдум и одлучи да го присоедини полуостровот кон Русија, велат во Москва. Така што, ако интересот на Русија е од Украина да се отцепат Доњецката и Луганската област, тогаш неа воопшто нема да и е гајле што ќе се случува со Македонија. Како да се чека нов преседан.

Во сето ова загрижува односот на нашите политичари. Пред се претседателот Иванов. Од каде тој знае и е убеден дека новата влада, предводена од лидерот на СДСМ, ќе го урне унитарниот карактер на државата? Русите од „Царград“ тврдат дека претседателот кон крајна внимателност го натерало тоа што во изработката на албанските барања од т.н. Платформа активно учествувале американски дипломати и премиерот на Албанија, кои ги „консултирале“ во Тирана собраните лидери на албанските политички сили во Македонија. Ајде, Еди Рама јавно се фотографираше со лидерите, ама американските дипломати досега никој не ги спомена,ниту Иванов. Ако е така тогаш зошто тој молчи?

А, ако не е тогаш е јасно дека станува збор за руска пропаганда. Во изминатиов период се појавија многу текстови, кои личеа многу едни на други. Но нашиве политичари треба да знаат со кого си имаат работа. Едно од јадрата на ширењето на руската вистина во светот, покрај медиумите, од научен аспект е Рускиот институт за стратешки истражувања, основан од претседателот Путин. Во него главни се кадрите – разузнавачи. Сега негов директор е Михаил Фрадков, донеодамна прв човек на руското разузнавање(СВР). Претходно беше Леонид Решетњиков, разузнавач кој работел во Бугарија, Југославија и во Грција. Човек кој добро ги познава балканските состојби. Е, тој Решетњиков, во едно телевизиско интервју вели: „Видете во што ја претворија(Западот) т.н. Македонија. Ја откинаа и 100 години работеа на создавање „македонски народ“. Ја откинаа Македонија од Бугарија. А што е Македонија за Бугарија? Таа е Охрид, учениците на Кирил и Методиј, таа е се што се правело за славјанството, преводи, изданија, литература...“ Според него, Западот намерно ги оттргнува светите места, како што е Охрид за Бугарија, Косово за Србија, Киевскаја Рус за Русија.За него велат дека е близок со грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, со бугарски политичари, а не е за изненадување, ако е близок и со некои од српските политичари.Ова, за да се знае кој создава научна вистина за Македонија.

Очигледно Македонија е цел на разни пропаганди.Скопје деновиве веројатно е современа Казабланка. Па затоа не е на одмет да се води сметка за она што се пласира во јавноста. А, пред се од страна на нашите политичари.

Мирче Адамчевски

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

„ЏАРО ИМ ПЛАТИЛ НА ФУДБАЛЕРИ ДА ИГРААТ КАКО ШТО ТОЈ САКА, А ВО МАКЕДОНИЈА НАМЕСТИЛ НАТПРЕВАР ДА ЗАВРШИ 134 НАСПРЕМА НУЛА“: Српските медиуми за Џаровски

„ЏАРО ИМ ПЛАТИЛ НА ФУДБАЛЕРИ ДА ИГРААТ КАКО ШТО ТОЈ САКА, А ВО МАКЕДОНИЈА НАМЕСТИЛ НАТПРЕВАР ДА ЗАВРШИ 134 НАСПРЕМА НУЛА“: Српските медиуми за Џаровски

ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА: Таткото со нова жалба пред Врховен за притворот

ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА: Таткото со нова жалба пред Врховен за притворот

„СО ПУШКА ДОЈДОА НА ВЛАСТ, СО ПЕНКАЛО ДА ГИ ОТЕРАМЕ НА БУНИШТЕТО НА ИСТОРИЈАТА“ - Стојанче Ангелов бара општа мобилизација за „Твоја Македонија“

„СО ПУШКА ДОЈДОА НА ВЛАСТ, СО ПЕНКАЛО ДА ГИ ОТЕРАМЕ НА БУНИШТЕТО НА ИСТОРИЈАТА“ - Стојанче Ангелов бара општа мобилизација за „Твоја Македонија“

КИСЕЛА ВОДА НАЈМНОГУ ОД СИТЕ ЈА САКА ДАВКОВА, ЦЕНТАР, СЕПАК, СО НАЈМАЛА РАЗЛИКА - еве како гласаа скопските општини

КИСЕЛА ВОДА НАЈМНОГУ ОД СИТЕ ЈА САКА ДАВКОВА, ЦЕНТАР, СЕПАК, СО НАЈМАЛА РАЗЛИКА - еве како гласаа скопските општини