Просечна нето-плата во Македонија изнесува 20.983 денари?!
Објавено во: Економија 28 Јуни, 2013 14:16
Просечната исплатена нето-плата во април оваа година изнесува 20.983 денари, додека исплатената бруто-плата изнесува 30.799 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика(ДЗС).
Индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април оваа година, во однос на истиот период лани забележува пораст од 1,2 проценти.
Но, споредбите на реалната плата (нето-плата со пресметана инфлација) во април годинава и во истиот месец лани, покажуваат намалување за 2,1 отсто, според податоците објавени од Државниот завод за статистика .
Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Градежништво за 5,4 проценти, Рударство и вадење на камен за 5,4 отсто и Преработувачка индустрија за 4,8 проценти.
Намалување на просечната месечна нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Информации и комуникации за 30,9 отсто, Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 4,2 проценти.
Во април оваа година, 1,7 отсто од вработените во Македонија не примиле плата.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?
Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?
Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје
„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега
КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години




