19 Декември, 2025
0.1097

Просечна плата – каде сме ние а каде соседите?!

Објавено во: Економија 05 Август, 2015 19:31

Добивај вести на Viber

Според Статистичкиот уред на Словенија, просечната плата во таа земја во мај изнесувала 1008 евра, што е значајно поголема во однос на другите земји од регионот, пренесуваат црногорските медиуми.

После Словенците највисока плата во регионот примаат Хрватите. Просечната нето плата по вработен за мај изнесувала 5679 куни, или 749 евра. Следат Црногорците и жителите на Босна и Херцеговина.

Заводот за статистика на Црна Гора, Монстат, соопшти дека просечната нето заработувачка во мај изнесувала 481 евро, што во однос на мај минатата година е раст од 0,2 одсто.

Според податоците на Агенцијата на Босна и Херцеговина, просечната месечна исплатена нето плата по вработен во набљудуваниот месец вредела 830 конвертибилни марки, или 424 евра што е номинален пад за 1,6 одсто во однос на декември 2014.

Од земјите на регионот, на дното се Србија и Македонија, во кои просечната плата е нешто над 350 евра.

Републичкиот завод за статистика на Србија објави дека просечната нето заработувачка во Србија во мај оваа година била 43.964 динари, односно 366 евра, и номинално била помала 3,6 одсто, а реално 3,3 одсто од просечната заработка исплатена во април.

Според Државниот Завод за статистика на Македонија, просечната нето плата во мај изнесувала  22.071 денар (355 евра) и била 2,7 одсто поголема од заработката во мај минатата година.

Како што наведуваат медиумите во Црна Гора, платите на Балканот се многу пониски од примањата во земјите во Европската унија, каде просечната месечна заработка често надминува 2000 евра.

Според податоци на францускиот Завод за социјално осигурување, просечната месечна плата во Франција во минатата година се зголемила за 1,5 одсто, на 2.474 евра, а најновите статистики покажуваат дека просечната плата во Австрија е 2114 евра.

Ваше е да процените каде се наоѓа Македонија во оваа група, според официјалните податоци.

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд