28 Март, 2024
0.0263

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ПОРАСНА - ама животниот стандард опадна

Објавено во: Економија 23 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Порастот на просечната плата веќе три дена ја бранува јавноста. Согласно последните податоци од Заводот за статистика, просечната нето плата во земјава надмина 30 илјади денари, што беше и повод премиерот Ковачевски да им се заблагодари на сите министри од неговиот и мандатот на неговиот претходник.

Но, колку растот на просечната плата ги отслукува реалните состојби, и дали е вистински одраз на примањата на граѓаните. Податоците од ДЗС покажуваат дека во земајва има професии кои добиваат плати кои се значително повисоки од просечната, но исто така имаме и дејности и вработени кои имаат пониски плати од просекот.

Најниска просечна нето плата има во секторот Заштитни и истражни дејности каде просекот изнесува 17.790 денари, по што следуваат Услуги со одржувањае згради и дејности за уредување и одржување на животната средина и природа со 19.810 денари, па следува Производство на кожа и производи од кожа со 20.537 денари, Дејности за подготовка на оброци и служење храна 21.421 и производство на облека 21.625 денари.

Најголем дел од работоспособното население во Македонија е активирано во Преработувачката индустрија каде што просечната плата според ДЗС достигнува 27.398 денари.

Економистите укажуваат дека и покрај растот на платите кој го утврдува заводост за статистика, поспакувањето на храната е многу поголемо, поради што растот на платите не го подобрува животниот стандард на граѓаните.

реба да се има предвид дека порастот на цените на храната е повисока од општата инфлација и изнесува 15 отсто. Посиромашните семејства издвојуваат поголем дел од своите приходи за храна, па оттука за нив ниту зголемувањето на платите од 10 проценти, а особено не истата висина на платите, не им овозможува ист животен стандард како минатата година. Напротив. Сето ова значи дека се многу празни и дегутантни фалбите дека власта го исполнила ветувањето за 500 евра просечна плата. Ако власта го исполнеше своето ветување за прогресивен данок, најбогатиот 1 процент нема да земаше екстремно високи плати, па просечната нето плата ќе беше пониска како резултат на таа мерка. А тие пари државата ќе можеше да ги искористи за подигнување на животниот стандард на најсиромашните. Истото се однесува и на привилегираниот статус на најбогатиот 1 процент, што за разлика од сите нас останатите, уплаќа придонеси од плата само на мал износ од својата бруто плата. И тоа ќе ги намалеше нивните нето плати и следствено ќе имаше одраз на висината на просечната плата – укажува професорот Здравко Савески.

Савески за  „Фактор“ објаснува дека многу наши сограѓани ги мешаат термините „просечна“ и „средна“ плата и мислат дека податокот за просечната плата значи дека 50 проценти од вработените земаат плата до тој износ, а 50 отсто над тој износ. Тој потенцира дека ова всушност значи средна, а не просечна плата.

-Просечната плата е просек од сите плати, просек на платите од 18.000 денари и 18.000 евра месечно и секогаш е можно платите на работниците да останат исти, а платите на капиталистите и директорите да растат, па тоа да резултира со пораст на просечната плата и со илузија дека ни се подобрувал животниот стандард. Заводот за статистика мора конечно да објавува податок за средната плата. Инаку, граѓаните не можат да добијат јасна слика на која класа ѝ се подобрил животниот стандард во претходниот период – потенцира Савески.

Уште еден показател за растот на трошоците на граѓаните за основните продукти е синдикалната минимална кошница која согласно последните податоци објавени од страна на Сојузот на Синдикати на Македонија достигнала 38.104 денари во месец април за четиричлено семејство. На месечно ниво трошоците на граѓаните се зголемиле за 1.337 денари, на ниво од една година трошоците пораснале за 4.128 денари или 12.14 отсто. Притоа најголемо поскапувања е забележано кај продуктите за исхрана и пијалоци, но и кај превозот.

Петранка Огнаноска

Можеби ќе ве интересира

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“