ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ПОРАСНА, АМА МАЛКУМИНА СЕ НАД НЕА - само 35 отсто вработени имаат повеќе од просекот
Објавено во: Економија 31 Јули, 2021 19:51
Иако просечната плата во земјава порасна, не е голем бројот на оние што земаат поголема од таа плата, а многумина на своите конта добиваат пониски износи.
Според податоците, само 35 проценти од вработените граѓани во земјава земаат плата над просечната, која изнесува 28.721 денари според последните мерења.
Според Државниот завод за статистика, раст на платата најмногу има во ИТ индустријата и фармацијата, но вработените во голем број дејности земаат плати под просекот.
Податоците велат дека текстилната и кожарската индустрија и натаму се со најниски плати кои во просек изнесуваат 17.570 денари.
По нив, следуваат платите во рестораните, кафулињата и други дејности поврзани со храна, каде месечните примања се движат околу 18.780 денари.
Додека пак на вработените во образованието, во уметноста, или во производството на прехрамбени производи платите им се движат од 20 до 27 илјади денари.
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




