Просечната плата во Чешка од 1.004 евра не ја земаат ниту половина од вработените
Објавено во: Свет 11 Март, 2013 11:28
Просечната плата во Чешка, минатата година се зголемила за 661 круна (26 евра) и изнесувала 1.004 евра, соопшти државниот Заводот за статистика.
Според статистичарите и покрај годишното зголемување на личните доходи од 2,7 проценти, просечната плата на крајот од месецот не ја добиваат ниту половина од вработените.
Ова се должи на развојот на инфлацијата, односно стапката на порастот на потрошувачките цени, која изнесува 3,3 проценти што значи цените на производите растат побрзо од платата на работниците.
А висината на просечната заработка, фактички е зголемена и поради наградите кои на крајот на годината ги добиваат водечките менаџери.
Најголеми додатоци, добиле вработените во банкарскиот и осигурителниот сектор каде платите пораснале за 24,1 процент.
- Втор најголем скок на крајот на годината владееше во енергетскиот сектор, стопанисувањето со гас, топлинската пареа и климатизацијата, анализира претставникот на ЧСУ, Далибор Холи.
Во четвртиот квартал, просечната бруто месечна плата изнесувала 1.087 евра, што е за 3,7 проценти зголемување во однос на истиот период во 2011 година. Бидејќи цените на производите, во истиот период пораснале за 2,8 проценти, реално платите се зголемени за само 0,9 проценти.
Личните доходи во здравството и социјалната заштита, како и во образованието и јавната администрација не растеле во таков обем. Во овие сектори, просечната плата кај мажите била 983 евра, додека жените во просек земале 800 евра месечна плата.
Можеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




