19 Декември, 2025
0.1755

Просечната плата во Хрватска-760 евра-Како е во регионот?

Објавено во: Балкан, Економија 24 Август, 2016 13:49

Добивај вести на Viber

Просечната нето плата исплатена во Хрватска за јуни оваа година изнесувала 5.686 куни или (759,5 евра), покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

На месечно ниво, јунската просечна нето плата била номинално помала о,35 отсто, или за 20 куни, пренесе Пословни дневник.

Во текстот се наведува дека од јануари 2016 година на сила е нова методологија, според која податоците за плати се преземаат од новиот образец на Извештајот за приходи, данок на доход и дополнителен данок, како и доприноси за задолжителни осигурувања, поради што во статистичкото соопштение дошло до прекин на серијата.

Кога се земе предвид тоа, нето платата за јуни на годишно ниво реално е поголема за 2,4 отсто, а номинално за 0,8 проценти, додека истовремено реалниот раст на бруто платата изнесувал 2,7 , а номиналниот 1,1 отсто.

Според прелиминарните податоци на ДЗС на Хрватска, стапката на регистрирана невработеност во Хрватска изнесувала во јули оваа година 13,3 отсто.

[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2016/08/23/nedovolna-da-se-isturka-mesetsot-prosechna-plata-samo-za-krediti-i-hrana/" target="blank" ]НЕДОВОЛНА ДА СЕ ИСТУРКА МЕСЕЦОТ: Просечна плата само за кредити и храна[/button]

Колку се платите во регионот и Европа и каде е Македонија? Во регионот Македонија е меѓу земјите со најниски плати. Просечната плата во нашата земја е околу 340 евра (заклучно со последниот податок од Статистика 21. 187 денари), во Србија 375, БИХ 424, Црна Гора 488, и Словенија 1022 евра. Според податоци од 2015 година, во Албанија просечната плата е 357 евра, а во Косово според податоците од 2013 година просечната плата изнесува 364 евра. Овие податоци се од Државните заводи за статистика во земјите од регионот. Во Европа по региони, платите се разликуваат. Во најповолна позиција се Западна Европа и Скандинавија каде месечните примања се над 2.000 евра. На врвот е Лихтенштајн каде износот е 5.314 евра. Во Швајцарија просекот е 3.994 евра, во Монако 3.436, Норвешка 3.212, Луксембург 3.149 евра. Во Полска се заработува по 756 евра, Германија 2225, Франција 2.180, Шпанија 1734, Португалија 1001, Италија 1560, Унгарија 560, Литванија 585, Латвија 664, Естонија 903, Романија 457, Бугарија 376, Грција 1069 евра. Сликата е различна во Источна Европа. Во Украина просечно граѓаните заработуваат 130 евра. Во Азарбејџан платите се 242 евра во просек, Казахстан 257 и Белорусија 272 евра.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација