29 Март, 2024
0.0359

Протече документ за набавката на модуларните болници, одговорноста тенденциозно му се наметнува на директорот Бесими

Објавено во: Македонија 21 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

Во одредени медиуми протече документот за јавната набавка на 17-те модуларни болници за ковид-пациенти склучен помеѓу Светска банка и Министерството за труд и социјална политика, а тенденцијата е одговорноста да се префрли на директорот на тетовската болница Флорин Бесими, кој поднесе оставка откако во Тетово изгореа 14 лица.

Според документацијата, наводно Министерството за труд и социјална политика заедно со претставници на Светска банка само го спроведувале договорот, а локалните власти и директори требало да го контролираат квалитетот и функционалноста. 

Кога станува збор посебно за тетовската модуларна болница, Бесими фигурирал како изведувач во локалниот надзор. Од подготвителната фаза, па се до последната оперативна фаза, за контрола на изградбата, функционалноста и заштитните механизми во објектот надлежни се во различни сегменти општинските власти во Тетово или изведувачот-понудувач „Брако“.

Според медиумите до кои дошла документацијата, надлежни се претставници на општина Тетово, директорот на болницата во Тетово и комунални инспектори. Овие три ставки од оперативната фаза требало да бидат платени од буџетот на тетовската болница. Планот за одржување на инсталациите и менаџирањето на отпадот требало да се изготви пред пуштањето во употреба, а Планот за заштита од пожар требало да се реализира на почетокот на работата на болницата.

Кај другите модуларни болници,  наведени во надзорот се само имињата на директор на локалната болница, или економскиот директор, а во еден случај главната медицинска сестра. Во два града, Штип и Велес, наведено е само „менаџер“. 

Во документот требало да биде впишано и името на инженерот кој извршил надзор над завршената работа, но таа графа останала празна во сите модуларни болници. Во документите јасно се наведува дека во речиси сите фази од изградбата и контролата на објектите надлежни се локалните власти, тврдат категорично овие медиуми.


Можеби ќе ве интересира

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница