06 Декември, 2025
0.0502

Протест на македонските приватни медиуми

Објавено во: Економија 25 Јануари, 2013 10:29

Добивај вести на Viber

Членовите на Здружението на приватни медиуми (ЗПММ) денеска почнаа активности во знак на протест за последните случувања во областа на наплатата на авторските права.

Преку унифицирана порака, која се емитува на програмите на членовите на здружението, ЗПММ бара нова законска регулатива во областа на авторските права, истакнувајќи дека не е против нивно плаќање.

Според ЗПММ, покрај радио и тв пораките до гледачите и слушателите на секоја македонска песна која ќе се емитува на програмата денеска и утре, ќе следат и други мерки со кои поблиску ќе ги информирале граѓаните за последните случувања.

„Овој протест ќе се одвива во три фази. Во втората фаза ќе се направи прекин на програмата во траење од 5 минути, а како трет чекор од здружението се согласни сосема да се прекине со емитување на македонската музика“, велат од ЗПММ.

Од ЗПММ испратиле барање до Управата за јавни приходи, Финансиската полиција и до Обвинителството да се преиспита комплетното финансиско работење, отчетноста и транспарентноста на Здружението за заштита на авторски музички права (ЗАМП) и новото Здружение за заштита на авторските права (ММИ). Испратено е барање и до Министерството за култура да се стопира работата на новото здружение ММИ се до завршувањето на истрагата, соопштуваат од Здружението на приватни медиуми.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?