06 Декември, 2025
0.0401

ПРОТЕСТ ПРОТИВ ЗАГАДУВАЊЕ: ДОМ бара средба со менаџментите на „Макстил“ и „Југохром“

Објавено во: Македонија 02 Јули, 2014 12:06

Добивај вести на Viber

Средби со менаџментите на двете компании - големи загадувачи „Макстил“ и „Југохром“ јавно бара Демократската обнова на Македонија (ДОМ). Од Зелената партија тврдат дека ова се единствените две компании во Македонија кои не прифаќаат еколошки дијалог и не го извршиле еколошкото прилагодување. На нив не делуваат ни изречените казни, ни апелите на граѓаните и продолжуваат со загадување, правејќи профит врз здравјето на сите граѓани, велат од ДОМ. „ДОМ бара средба со менџментот на овие фирми, во присуство на невладини организации и граѓани, за да се соочат аргументите и да се излезе од зачадениот тунел. Доколку, пак, продолжи нивниот арогантен однос, ДОМ бара Инспекторатот за животна средина да изрече забрана за работење. Загадувачите што не сакаа навремено да вложат во свое еколошко прилагодување, треба сега да сопрат со работењето и да не спасат од ерупциите на отровни материи“, стои во писменото соопштение на партијата. Граѓаните од скопската населба Железара за попладнево закажаа протест во знак на револт заради згадувањето што го трпат од фабриката „Макстил“. За својот протест се организираат на социјалните мрежи, велат дека животот во Железара и околните населби е неподнослив и оти во летниот период не можат да ги отворат прозорците. „Покрај тоа што објавија дека Фабриката поточно "Макстил“ ќе прекине да работи на одредено време, деновиве е позагадено од секогаш. Можеби нè сметаат за слепи будали и ова го прават со намера. Да покажеме дека не сме до толку жалосни и да пружиме барем најмал отпор! ПРОТЕСТ СО БЛОКИРАЊЕ НА ГЛАВНИОТ ВЛЕЗ!!!ФИЛТРИ ВЕДНАШ!!!“, повикуваат незадоволните граѓани на Фејсбук.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија