19 Декември, 2025
0.0552

Протест во Лакавичкиот крај против изградба на фабрика за рециклирање на гуми

Објавено во: Економија 19 Мај, 2013 19:00

Добивај вести на Viber

Жители на штипското село Долани и сопственици на викенд куќи денеска го блокираат магистралниот пат Штип - Радовиш, протестирајќи против изградбата на фабрика за топење на гуми.

Според претседателот на месната заедница на село Долани, Љупчо Ангелов, оваа фабрика може да го загрози бунарскиот систем од кој вода за пиење добиваат жителите на селата Долани и Драгоево, а во овој регион се произведуваат и органски земјоделски производи.

Сопствениците на викенд куќите велат дека не се против изградба на фабрика, но бараат соодветна локација, односно таа да се изгради во рамките на некоја индустриска зона.

Директорот на Државниот инспекторат за животна средина Фирус Мемед изјави дека сопствениците на најавената фабрика за рециклирање на гуми нема да ги добијат потребните дозволи, бидејќи фабриката може да ги загрози бунарите за вода за пиење, а во непосредна близина се наоѓаат и мини фарма за сончеви колектори и фабрика за преработка на овошје и зеленчук.

- Мислам дека намерата на стопанствениците да изградат една таква фабрика нема да помине, затоа што се работи за еколошка здрава средина, има земјоделски производители кои произведуваат органско пропизводство, а во близина има исто така и фабриката за преработка на зеленчук и овошје, истакнува Мемед.

Жителите на викенд куќите и на селото Долани најавија дека доколку во Лакавичкиот регион се гради фабриката за топење на гуми, ќе ги радикализираат протестите.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар