„ПРОТЕСТ ЗА ВАЊА“: На социјалните мрежи се споделуваат повици за протест во сабота во Градски парк
Објавено во: Македонија 05 Декември, 2023
Свирепото и монструозно убиство на четиринаесет годишната Вања Ѓорчевска од Скопје, го крена народот на нозе, кој не може да прифати дека Вања е убиена за пари.
Како последица на тоа, на социјалните мрежи веќе се споделуваат информации за протест кој треба да се одржи во сабота во 10 часот наутро во Градскиот парк.