Добивај вести на Viber
Околу 3.500 луѓе присуствивале на мирниот протестот во Љубљана против “словенечката политичка елита“ .
Протестот и овој пат бил организиран преку социјалните мрежи, а организаторите го нарекле “Второ сесловенечко востание“.
Демонстрантите тврдат дека извештајот на антикорупциската комисија, во кој премиерот на Словенија, Јанез Јанша, и градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанковиќ не го пријавиле дополнителниот имот само го зголемува нивното незадоволство.
Учесниците на демонстрациите наведуваат дека насилствата не се нивна цел, туку најавуваат формирање на “нов ослободителен фронт на словенечкиот народ“.
-Имавме земја во која највреден имот беше човекот и секој имаше право на образование, работа и здравје. Денес имаме невработеност, пониженост, грабежи...“, вели еден од учесниците на протестот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.