19 Декември, 2025
0.0624

Протестите во Турција се закана за мирот со Курдите

Објавено во: Балкан 22 Јули, 2015 19:47

Добивај вести на Viber

Протестните демонстрации во Турција се радикализираат и се закануваат за мировниот процес на Анкара со Курдите, соопштија светските медиуми.

Членови на Курдската работничка партија (ПКК) ја презедоа одговорноста за убиството на двајцата турски полицајци, кои беа пронајдени мртви во градот Джеиланпинар.

Военото крило на ПКК објави во соопштението дека го извршила нападот, „како одговор на масакрот во Суруч“, за што се сомнева дека е „Исламска држава“ (ИД). Во понеделникот при експлозија во пограничниот град загинаа 32 лица. Нападот беше извршен за време на собир на млади прокурдски активисти кои сакале да учествуваат во реконструкцијата на сирискиот град Кобане. Двајцата убиени турски полицајци биле од одделот за борба со безредијата и биле застрелани со по еден истрел во главата, што личи на егзекуција, пишува весникот „Хуриет“.

Во исто време полицијата во Истанбул употреби солзавец и водени топови за да растера илјади демонстранти кои протестираа против владината политика кон Сирија. Судири имаше и во град претежно со Курди Дијарбакир. Според нив турската влада не прави доволно против „ИД“. Резултатот од анализата на ДНК потврди дека атентаторот во Суруч е 20-годишен Турчин, регистриран во Адијман. Според властите мажот е со иницијали С.AA и се приклучил кон џихадистите пред два месеци, објавија турските власти.

По експлозијата е најден и труп на жена, која се уште не може да биде идентификувана, и е можно да е втор бомбаш. Во моментов турските власти испитуваат дали има некаква врска помеѓу овој напад и нападите во Дијарбекир минатиот месец. Весникот „Хуриет“ забележува дека бомбашките механизми на експлозивна направа, користени во нападите во двата града се слични. Двајцата напаѓачи, исто така не е исклучено да оствариле контакт, бидејќи се смета дека се приклучиле на „Исламска држава“ во исто време.

Турција го блокира вчера накратко пристапот до социјалната мрежа „Твитер“ по судска наредба. Целта била да се запре ширењето и прикажувањето на кадри од самоубиствениот бомбашки напад во Суруч. Блокирањето траело во рок од неколку часа.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација