12 Октомври, 2024
0.0440

Кој ги контролира афлатоксините? Нема да ги уништите со варење на млекото

Објавено во: Економија 02 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Термична или технолошка обработка на млечните продукти не ги уништува афлатоксините, поради што надлежните пристапуваат кон зачестени контроли овој период од годината, со цел спречување на продукти кои ги содржат да се најдат на трпезата. Ова го посочуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство, институција надлежна за контрола на квалитетот на храната која се користи на нашето поднебје.

По информациите во јавноста дека се утврдени млечни производи во кои се пронајден афлатоксин ги запрашавме надлежните колку контроли се прават неделно за проверка на ваквите токсини во млечните производи? Како се одлучува кои типови на производи ќе се проверат? Дали се потребни дополнителни контроли и многу повеќе...

Од Агенцијата за „Фактор“ посочуваат дека млекото и млечните производи се испитуваат согласно Годишниот мониторинг план на афлатоксин М1 и тоа повеќе во есенскиот период и најмногу од соседните земји од кои увезуваме поголеми количини млеко и млечни производи.

-  Во есенскиот период, можноста за присуство на овие токсини е поголема заради исхраната на домашните животни со добиточна храна која не е добро чувана, или складирана и може да содржи афлатоксини. Афлатоксините потоа се излачуваат во млекото, а понатамошната термичка или друг вид технoлошка преработка на млекото не го уништува афлатоксинот. Доколку се утврди зголемено присуство на афлатоксин во млекото и млечните производи, се зголемува интензитетот на проверки кај пратките кои потекнуваат од производствените објекти од кои е детектиран овој токсин. Ова значи дека од последователните 10 пратки од овој производител, задолжително се земаат примероци од производите за лабораториско тестирање. Производите не се пуштаат во промет, поточно се ставаат под надзор се додека не се добијат резултатите од тестираните примероци со кои се потврдува безбедноста на пратката – објаснуваат од АХВ.

Од таму додаваат дека исто така, АХВ може да наложи засилени контроли односно анализирање на сите пратки со млеко и млечни производи кои потекнуваат од одредена земја, или регион, за даден временски период.

Во нашата земја во изминатиов месец дури два пати беа детектирани афлатоксини во млечните производи. Од Агенцијата за „Фактор“ исто така посочуваат дека согласно Годишната Наредба за извршување на ветеринарните мерки и контроли за заштита на јавното здравство од контаминенти или резидуи кои се пренесуваат од животни, или производи од животинско потекло, во 2022 година операторите со храна во објектите за преработка на млеко, треба да спроведуваат постапки со кои ќе се обезбеди исполнување на барањата за максималните нивоа на микотоксини.

- Официјалните ветеринари во рамки на Мониторингот за утврдување на присуство на резидуи и контаминети во храна од животинско потекло земаат мостри и од сурово млеко за испитување на афлатоксин – прецизираат од таму.

Објаснувањата на стручњаците се дека афлатоксинот, кој настанува од мувла која се развива во регионите со влажна клима, ама како последица на суша, го има во млекото преку добиточната храна.  Афлатоксините спаѓаат во канцерогените соединенија, по влегувањето во организмот, можат да бидат метаболизирани во црниот дроб и да предизвикаат рак на црниот дроб. Бидејќи нивното присуство се зголемува после сушни периоди, запрашавме во АХВ дали ова е причина за почести контроли?

Од таму велат дека со оглед на фактот оти афлатоксинот во млекото и млечните производи се појавува заради првична појава во добиточната храна со која се хранат животните, се интензивираат проверките, како на пратките од увоз, така и на она млеко кое се произведува како домашно. Исто така посочуваат дека согласно Годишната Наредба за извршување ветеринарни мерки и контроли за заштита на јавното здравство се спроведува испитување на присуство на микотоксини и во суровини и комплетната храна за животни. 

П.О.

Можеби ќе ве интересира

ЕУ ЈА ОДОБРИ РЕФОРМСКАТ АГЕНДА ЗА МАКЕДОНИЈА: Еве колку пари ќе добие државата

ЕУ ЈА ОДОБРИ РЕФОРМСКАТ АГЕНДА ЗА МАКЕДОНИЈА: Еве колку пари ќе добие државата

ЧЕТИРИ МАРКЕТИ ГИ ДОГОВАРАЛЕ ЦЕНТЕ: Поведена е постапка против овие продажни ланци во Србија

ЧЕТИРИ МАРКЕТИ ГИ ДОГОВАРАЛЕ ЦЕНТЕ: Поведена е постапка против овие продажни ланци во Србија

ЦЕЛАТА ДОБИВКА ЈА РЕИНВЕСТИРАМЕ, СТРАНСКИТЕ КОМПАНИИ СЕ ЧУДАТ КАКО ТАКА БРЗО СЕ РАЗВИВАМЕ: Сопственикот на „Актива“ раскажа зошто се толку успешни

ЦЕЛАТА ДОБИВКА ЈА РЕИНВЕСТИРАМЕ, СТРАНСКИТЕ КОМПАНИИ СЕ ЧУДАТ КАКО ТАКА БРЗО СЕ РАЗВИВАМЕ: Сопственикот на „Актива“ раскажа зошто се толку успешни

ЕВТИНИТЕ ЛЕТОВИ ЗАМИНУВААТ ВО ИСТОРИЈАТА: Нискобуџетните авиокомпании во постојана еволуција - Новите промени можат да ги соборат традиционалните превозници

ЕВТИНИТЕ ЛЕТОВИ ЗАМИНУВААТ ВО ИСТОРИЈАТА: Нискобуџетните авиокомпании во постојана еволуција - Новите промени можат да ги соборат традиционалните превозници

КОЛКУ ГОДИНИ ТРЕБА ДА СЕ „ПОТИТЕ“ ЗА ДА ДОБИЕТЕ ПЕНЗИЈА ОД ИЛАЈДА ЕВРА? Еве што велат бројките за 28, 37 и 45 години работа во Германија

КОЛКУ ГОДИНИ ТРЕБА ДА СЕ „ПОТИТЕ“ ЗА ДА ДОБИЕТЕ ПЕНЗИЈА ОД ИЛАЈДА ЕВРА? Еве што велат бројките за 28, 37 и 45 години работа во Германија

КОГА ЌЕ ГИ ВИДИТЕ ПЛАТИТЕ И ТРОШОЦИТЕ ВО СЛОВЕНИЈА, ЌЕ СФАТИТЕ ЗОШТО Е СВЕТЛОСНИ ГОДИНИ ПРЕД НАС: Еве каков е животот таму

КОГА ЌЕ ГИ ВИДИТЕ ПЛАТИТЕ И ТРОШОЦИТЕ ВО СЛОВЕНИЈА, ЌЕ СФАТИТЕ ЗОШТО Е СВЕТЛОСНИ ГОДИНИ ПРЕД НАС: Еве каков е животот таму

ЌЕ СЕ СОЗДАДЕ АЛТЕРНАТИВА НА ММФ? Еве какво задолжение им даде Русија на членките на БРИКС

ЌЕ СЕ СОЗДАДЕ АЛТЕРНАТИВА НА ММФ? Еве какво задолжение им даде Русија на членките на БРИКС

ВНИМАТЕЛНО: „Рејнар“ воведува новини кои можат да ве удрат по џебот!

ВНИМАТЕЛНО: „Рејнар“ воведува новини кои можат да ве удрат по џебот!

Претставници на Народната банка работеа на клучно истражување за македонската економија објавено од ММФ

Претставници на Народната банка работеа на клучно истражување за македонската економија објавено од ММФ