Протоколот за прием на Македонија во НАТО пред Сенатската комисија
Објавено во: Македонија 08 Јуни, 2019
Сенатската комисија за надворешни работи в среда ќе има сослушување, на кое ќе го разгледува пристапувањето на Северна Македонија во НАТО Алијансата.
Сведоци на сослушувањето ќе бидат помошник - државниот секретар на САД за Европа и Евроазија Филип Рикер, и Кетрин Вилбаргер, американски заменик - помошник секретар за одбрана за меѓународни безбедносни прашања.
Претседавачот со Комисијата, сенаторот Џејмс Риш, претходно во интервју за Гласот на Америка, изјави дека веднаш по сослушувањето, Пртоколот за влез на Северна Македонија во НАТО ќе оди на гласање пред целиот Сенат.
„Многу веројатно тоа ќе се случи во јуни. Претпазливи оптимисти сме дека тоа ќе го направиме тогаш“, рече тогаш Риш.