ПРОВЕРЕТЕ ГИ СМЕТКИТЕ: Почна исплатата од МојДДВ за првото тримесечје
Објавено во: Економија 12 Мај, 2020
Почна исплатата од МојДДВ за првото тримесечје од 2020 година.
Исплатата за јануари, февруари и март 2020, во согласност со Законот за враќање на дел од ДДВ кај физичките лица е веќе почната.
Во ова прво тримесечје од годината скенирани се 49.946.278 фискални сметки, направен е промет во износ 21.957.355.689 денари со вкупен ДДВ од 2.292.026.352 денари, велат од Управата за јавни приходи.
Вкупниот број регистрирани корисници до 31 март 2020 година на апликацијата МојДДВ е 279.498.
Повратот за ова тримесечје изнесува 343.803.953 денари, односно 5.590.000 ЕУР. За донирање на својот поврат за овој квартал се изјасниле 8 700 граѓани.
Исплатата се врши во неколку етапи и ќе заврши согласно законскиот рок, односно во рок од 60 дена по истекот на календарското тримесечје во кое е издадена фискалната сметка.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.