05 Декември, 2025
0.0444

ПРОВЕРЕТЕ: Каде во ЕУ се најголеми, а каде најниски давачките за плата?

Објавено во: Анализа 18 Август, 2014 08:19

Добивај вести на Viber

Белгиските и француските работници страдаат од највисокто даночно оптоварување на Стариот континент. Тоа го покажа и последната анкета на експертската група Institut Molinari. Како и во студијата од 2013 година, Белгија и Франција ги  држат првите две позиции во негативната листа. Државата, локалните власти и институции за социјална заштита во овие земји консумираат  повеќе од половина, секоја година од приватниот сектор за труд. Анализата на експертите од Institut Molinari покажува дека грчките работници се на четвртата позиција, каде секое плаќање со евра во форма на плата ги чинело работодавачите 1.98 евра. Хрватска пак е на 20 место каде работодавачите плаќаат 1,67 евра. Веднаш зад неа е Словенија со 1,64, додека бугарските работници ова истражување ги става во релативно поволна позиција во однос на оние во останатите земји во Европската унија . Бугарија ја  зазема 24-та позиција од вкупно 28 земји, каде секое плаќање евра во форма на плата ги чинело работодавачите  1,5 евра. Бугарија е претекната единствено од Кипар, Ирска, Малта и Велика Британија. Истражувањето на францускиот тинк-тенк е базирано на податоците на Ernst & Young (EY). Економистите сепак посочуваат дека сумите не вклучуваат данок на додадена вредност, кој е различен во секоја од одделните земји од ЕУ. К.К.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени