05 Декември, 2025
0.0358

Проверете што вели индискиот хороскоп за вашиот знак

Објавено во: Општо 09 Септември, 2016 16:11

Добивај вести на Viber

Дануш (Стрелец)

Во семејството оваа година ќе пронајдете инспирација за многу работи, како и огромна поддршка. Можете да очекувате негово проширување. И додека патувањата ќе ви се нудат на секој чекор, бидете внимателни кога правите големи работни одлуки и промени. Ова е добра година за финансиски напредок и работите кои досега ви беа недостапни. Искористете ги сите шанси да се зближите со партнерот, вклучувајќи ги и романтичните патувања. Љубовната идила може да ја запоставите кон средината на годината заради други интереси. Бидете внимателни околу тоа. Ви се препорачува поздрава исхрана и физичка активност.

Макара (Јарец)

Избегнувајте ги кавгите со блиските во семејството. Средината на годината ќе ви донесе позитивни промени на ова поле. Првата половина од годината нема да ви донесе среќа во работата, но затоа втората ќе ви донесе многу шанси за да ги поправите штетите и грешките. Може да ве мачат неочекувани трошоци и долгови, па затоа бидете претпазливи со финансиските одлуки. Добрите односи со авторитетите и колегите ќе ви донесат само успеси. Средината на годината исто така ќе ви донесе крај на љубовните маки. Ќе ве дочекаат страсни средби и романтични гестови. Стресот може да предизвика замор, па дури и да се јават стомачни проблеми. Бидете внимателни со здравјето.

Кумбха (Водолија)

Оваа година ќе ве дочека само среќа и задоволство во семејството, како и многу можности да патувате со блиските. Големите промени на работното место ќе ви ги зајакнат самодовербата и креативноста. Ќе се подобри и финансиската ситуација, па затоа не се плашете. Оние кои се занимаваат со истражувања исто така ги очекуваат успеси. Што се однесува до љубовта, оваа година е поволна за самците кои се во потрага по сродната душа. Љубовната среќа ќе ги следи и оние кои се во стабилни и долги врски. Доброто здравје може да ви биде нарушено само од стрес.

Мина (Риби)

Среќата во семејството може да биде нарушена само од вашата загриженост и негативните прогнози, од кои треба да се ослободите пред средината на годината. Ако сакате да започнете нова работа или да го промените работното место, ова е поволна година. Во 2016-та ќе имате стабилни финансиски приходи. Почетокот на годината може да ви донесе само љубовни проблеми, кои ако останете смирени, ќе ги решите за многу кратко време. Преголемите работни обврски може негативно да се одразат на вашето здравје. Обрнете поголемо внимание на исхраната и нејзиното варење



Претходна страна  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: