29 Септември, 2024
0.1486

ПРОЗИВКИ НА ЈАВНА СЦЕНА МЕЃУ ПРЕМИЕРОТ И ШЕФОТ НА ДРЖАВАТА - има ли придобивки од Отворен Балкан

Објавено во: Македонија 17 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Претседателот на државата Стево Пендаровски синоќа, коментирајќи ги забелешките на премиерот Зоран Заев дека македонскиот претседател ги сменил ставовите за иницијативата „Отворен Балкан“, рече дека особено последниот пасос од соопштението на кабинетот на премиер „не личи на Заев“ и дека „се сомнева оти тоа му е сугерирано, а тој не посветил доволно внимание бидејќи е зафатен со примопредавање на функцијата“.

Ова следува откако Кабинетот на Заев даде изјава во која го критикува вчерашниот став на Пендаровски, искажан при вчерашната посета на Косово, дека иницијативата Отворен Балкан е „фалична бидејќи во неа не учествуваат сите шест држави од Западен Балкан“.

„Јас сум изненаден што Пендаровски ги промени своите ставови за оваа пред сѐ економска иницијатива, но нема да бидам изненаден кога повторно ќе се премисли за да даде поддршка во периодот што доаѓа, а во интерес на граѓаните, државата и регионот“, стоеше во изјавата на Заев.

На ова всушност реагираше шефот на државата.

„Се сомневам дека некој од неговите познати ПР советници или стратези му сугерирале да напише една таква небулоза во соопштението“, рече Пендаровски во емисијата Топ тема на Телма.

Од претседателскиот Кабинет претходно објаснија дека уште на првата средба во врска со Иницијативата било заеднички утврдено дека ако Иницијативата е некаков вид алтернатива на македонското членство во ЕУ тогаш таа не е прифатлива.

фото: МИА

Можеби ќе ве интересира

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“