05 Декември, 2025
0.0964

Пругата кон Бугарија – конечно реалност или уште едно предизборно ветување?

Објавено во: Економија, Македонија 02 Март, 2014 18:05

Добивај вести на Viber

Цели 20 години се најавува изградбата на пругата кон соседна Бугарија. Еден од најскапите инфраструктурни проекти, чија вредност се проценува на речиси половина милијарда, започна да се реализира денеска од местото Клечовски Мост, кај Куманово. Проектот за пругата Куманово-Бељаковце, долж Коридорот 8, предвидува целосна реконструкција на постојната пруга во должина од околу 31 километар, изградба на три железнички станици, шест стојалишта, повеќе надвозници и подвозници, изградба на мост над Пчиња, обновување на постојните мостови, инсталирање на кабелски водови, огради, заштитни бариери и нови сигнално сигурносни уреди. Ќе се реализира во три фази - првата фаза ќе чини околу 46 милиони евра, втората - 145 милиони евра, а за третата фаза ќе се користат средства од Европската банка за обнова и развој, од Европската инвестициска банка и од ИПА-фондовите на ЕУ. „Најголемиот дел од пругите во Македонија се направени пред повеќе од сто години за време на отоманската империја. Како за пример железничката пруга Скопје - Гевгелија е изградена 1873 година, а железничката пруга од Скопје до Табановце во 1887. Од тогаш па наваму многу малку е инвестирано во изградбата и рехабилитацијата на железничката инфраструктура во нашата држава“, изјави премиерот Никола Груевски, кој го означи стартот на работите и најави дека со овој проект тоа ќе се смени. Сепак, за опозицијата ваквите најави се само предизборни ветувања. „Груевски се сети дека треба да се гради нова железница пред избори. Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се на власт цели 8 години и досега немаат изградено ни едно метро нова железничка линија. Нула километри нова железничка мрежа е вкупниот учинок на Никола Груевски за цели 8 години. Делницата од Куманово до Клечовце беше целосно изградена кога на власт беше СДСМ. Денеска оваа пруга е уништена. ВМРО ДПМНЕ не само што не изгради нова железничка линија туку не успеа да го сочува ниту претходно изграденото“, се вели во писмената реакција на СДСМ.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?