25 Април, 2024
0.0364

ПРВ ДЕН ОБЕШТЕТУВАЊЕ ЕУРОСТАНДАРД - проблеми со полномоштвата, но само преку една банка вчера се исплатени два милиони евра

Објавено во: Економија 16 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Иако имаат на располагање цели три години за да си ги земат своите пари кои им останаа заробени во Еуростандард банка, штедачите поитаа уште на првиот ден да си ги подигнат своите заштеди.

Обесштетувањето се одвиваше генерално добро и штедачите беа исплатувавани до 30 илјади евра, токму онака како што предвидуваат законските прописи.

Но, не сите штедачи вчера можеа да се пофалат дека завршиле работа и дека успеале баш на првиот ден да дојдат до своите средства. Имаше и такви кои се пожалија на дел од банките, а главниот проблем, како што изјавија за Фактор, настанал поради полномоштвата. Ова особено е комлицирано за оние штедачи што живеат во странство.

Еве што за Фактор напиша еден од штедачите.

„НАМЕРНО САКААТ ДА НИ ГИ ДРЖАТ ПАРИТЕ“

„Има големи проблеми во обесштетувањето на штедачите од Еуростандард банка кои имаат овластено лице, а за кои Фондот гарантираше дека нема да има проблеми, а за тоа имаше и официјално соопштение одФондот - дека овластените лица ќе можат без дополнителни полномошна да функционираат. Сега банките не ги обештетуваат штедачите кои имале овластени лица (а во потврдите кои ги поседуваат е наведено дури и овластеното лице), даваат сопствено полномошно на банката, а тоа предизвикува еден куп компликации, особено кај стедаците кои претстојуваат во странство!!! Ги тераат овластените лица да го праќаат тоа нивно(од банката) полномошно во странство. Дали лицето носител кое е во странство, со тоа полномошно треба да оди во амбасада и таму да го потпише?! Тоа се огромни компликации и дополнителен финансиски товар на штедачите. Особено во овој период кога се е со рестрикции, кога пратките патуваат со месеци, кога сите работаат со протоколи, замислете некој што живее во град со десетици километри оддалечен од град каде што има амбасада, па да напушта работа, па дали работи амбасадата и во кои термини“, раскажува овој штедач. 

Тој оди дотаму што смета дека банките, како што вели, ова го правеле со цел да располагаат подолго со парите на штедачите.

Овој штедач натаму пишува дека се обратил и до Фондот и оттаму го потврдиле проблемот, односно им кажале дека разговарале со банките, но тие не сакале да соработуваат.

„Во случајов штедачот е во странство, а овластеното лице не сакаат да го обештетат,  затоа што клиентот немал трансакциска во таа банка, а според презиме е распределен во таа банка. Тој штедач има трансакциска сметка во една од другите четири банки преку кои оди исплатата, нека го префрлат таму, но несакаат да соработуваат и дополнително им го загорчуваат животот на штедачите, кој ионака им е загорчен, со оглед на тоа што им се пропаднати парите над 30 илјади евра“, вели овој штедач, кој бараше да остане анонимен.

ХАЏИЕВ: ПРОБЛЕМОТ СО ПОЛНОМОШТВАТА Е ПОРАДИ ЗАКОНИТЕ

Фактор за овој проблем разговараше и со директорот на Фондот за осигурување на депозити, Борче Хаџиев. Тој е свесен за проблемот, но вели дека причина за тоа не е никакво самоволие на банките, туку законските прописи што постојат во земјава.

„Ние навистина се трудевме полномоштвата да можат да важат и за други банки, односно ако штедачот нема сметка во таа конкретна банка. Но, банките уверуваат дека тоа не е возможно поради законските прописи, кои велат дека полномоштвата не можат да важат за друга банка. Тоа се навистина сложени процедури за штедачите, кои треба да вадат нови полномоштва, но тоа на банките им го налага Законот за платен промет“, вели за Фактор директорот на Фондот, Борче Хаџиев.

А што да прават оние штедачи кои се во странство, односно нема како да се вратат во земјава поради рестриктивните мерки во нивните држави?

Хаџиев вели дека нема прецизни информации дали тие треба да одат во амбасадите на нивните држави или преку нотар, па повеќе информации најавува во текот на денешниот ден.

Од Фондот прецизираат и дека парите секако не можат да си ги подогнт оние граѓани чија сметка во Еуростандард банка била блокирана од извршител.

Инаку, како што е познато, обештетувањето ќе се одвива преку четири банки, Комерцијална, Стопанска Скопје, НЛБ Банка и Халкбанка.

Од Халк банка ни изјавија дека вчера кај нив обештетувањето се одвивало непречено, без големи гужви во филијалите и без никакви проблеми. Од вкупниот број распределени клиенти во таа банка, околу 32.000, вчера во филијалите на Халк банка се јавиле само мал број штедачи, односно 415 клиенти, кои непречено си ги примиле своите исплати.

„И во наредните денови се очекува клиентите да доаѓаат и да бидат опслужени на најдобар можен начин“, потенцираат од Халк банка.

ПОСЛЕ 10 ДЕНА ЌЕ СЕ ЗНАЕ КОЛКУ ПАРИ ТОЧНО СЕ ИСПЛАТЕНИ ПРЕКУ БАНКИТЕ

За тоа колку пари вкупно се исплатиле во текот на првиот ден, нема официјална информација. Всушност, во договорот кој банките го имаат со Фондот за осигурување на депозити, тие ќе имаат обврска после 10 дена обештетување за тоа да го информираат Фондот, по што ќе се излезе со сумарна бројка.

Сепак, Фактор неофицијално дознава дека вчера, само за еден ден и само преку една од четирите банки, се исплатиле дури два милиони евра. Тоа покажува дека штедачите навистина не сакаат да остават ништо на случајноста, и што побрзо да дојдат до своите тешко печалени средства.

ПОЛОВИНА ОД ВКУПНИТЕ ВЛОГОВИ СЕ ДО 500 ДЕНАРИ

Според нашите сознанија, дури половината од штедните влогови во банката се депозити до 1.000 денари. Тоа се штедачи кои имале трансакциски сметки или преку Еуростандард банка ја земале својата пензија, па им останале некои ситни пари на нивните сметки. Има и такви кои на сметките имаат само по 5 денари, и всушност тоа прави да има огромен број на штедачи, над 136 илјади, а и тоа го намалува просекот на штедните влогови да биде околу 500 евра. А реално, велат нашите извори, има штедачи со многу повисоки суми.

Според информациите на Фактор од дел од банките, обештетувањето вчера одело без проблеми, така што за некои штедачи кои имале сметка во одредената банка преку која се обештетувале, дури успевале парите да си ги земат за време од три минути. Некаде имало и проблеми, односно паднал системот на една банка, поради што штедачите чекале неполн час, по што проблемите се надминале и обесштетувањето продолжило.

Нашите информации од банките се дека нивните експозитури работеле во редовното работно време, односно тоа не било продолжено дополнително над вообичаеното. Или конкретно, експозитурите работеле главно до 16 или 16.30 часот, а само некои до 18 часот.

Стечајниот управник Душко Тодевски, пак, вчера соопшти дека се раскинати сите договори за закуп на деловен простор, во кои биле експозитурите на банката, како и дека целиот имот и документација се заштитени и се на сигурно.

„Известувам дека од сите експозитури на Еуростандард банка кои биле во деловен простор којшто не бил во сопственост на Банката, од моја страна, односно од страна на овластени лица се прибрани и заштитени севкупната опрема и мебелот, коишто се дел од имотот на банката. Истовремено, прибрана и заштитена е и севкупната документација од овие експозитури. Ваквата активност е спроведена затоа што веќе се раскинати договорите за закуп на деловен простор“, вели Тодевски.

Со ова, според него, максимално се избегнуваат непродуктивни трошоци во текот на стечајната постапка и дополнително се заштитува стечајната маса, во функција на исплата на побарувањата на доверителите.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија